Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот
- Детали
- петок, 23 јануари 2026
Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проблеми со менталното здравје ја држела во заробеништво, ја присилувала да ѝ го чисти домот и да се грижи за нејзините 10 деца. Неодамна жената беше прогласена за виновна за модерно ропство, а наскоро треба да ѝ биде изречена казна.

Во средата (21.01), 56-годишна жена од Англија беше осудена за модерно ропство бидејќи над 20 години, држела девојка во заробеништво и ја присилувала да го чисти нејзиниот дом и да се грижи за нејзините деца.
Обвинетата е Аманда Виксон е мајка на десет деца.
„За време на нејзиното заробеништво кое траело повеќе од 20 години, жртвата постојано била тепана додека била присилувана да го чисти домот на Виксон и да ги подготвува нејзините деца за на училиште.
Виксон е прогласена за виновна за модерно ропство, по истрага спроведена од страна на полицијата“, споделија надлежните по пресудата.
Како резултат на заробеништво, жртвата, која денес е во 40-тите години од животот, се соочува со проблеми со менталното и физичкото здравје.
Детали за случајот што ја згрози јавноста:
Жртвата на Аманда Виксон имала нарушување кое ѝ создавало тешкотии со учењето.
Користејќи ја нејзината слабост, Аманда ја заробила во нејзиниот дом во далечната 1995-та, кога девојката била тинејџерка.
Аманда требало да се грижи за девојката, кога всушност ја држела во заробеништво.
Од 1995-та, па сè до 2021-ва, жртвата била заробена во домот на Аманда во гратче во југозападниот дел на Англија.
Аманда редовно ја тепала и ја малтретирала физички и многупати насилно ѝ ја избричила главата.
Домот во којшто била најдена жената бил валкан, со купишта ѓубре, а нејзе ѝ било забрането да излегува надвор, па дури и да се избања.
Полицијата сподели дека Аманда успеала да го измами законот, па добивала и социјална помош.
„Иако добивала асоцијална помош за жртвата уште од 2000 година, жртвата била присилена да живее во сиромаштија и да носи стара облека.
Жртвата била експлоатирана и присилувана да чисти во домот. Жртвата била присилувана да минува часови на нејзините колена секој ден“, сподели полицијата
Надлежните дознале за ужасната положба на жртвата во март 2021 година, благодарение на еден на синовите на Аманда кој наводно почнал да се загрижува за нејзината состојба.
Не е познато дали некое од децата на Аманда ќе одговара.
Полицајци отишле да ја проверат куќата и опишуваат дека она што го виделе наликувало на ќелија во затвор.
Штом ја нашле жртвата, таа им рекла дека сака да си замине, како и дека Аманда ја тепа и не ѝ дозволува ни да се избања.