Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот

„Аманда Виксон ѝ забранувала на жртвата да се бања, но ја терала да ги бања нејзините деца.

Ѝ давала на жртвата еден оброк дневно, најчесто остатоци, па жртвата честопати криела храна во случај да огладне.

Заканите за насилство биле придружени со висинско насилство бидејќи Аманда ја тепала жртвата ако не ги завршела обврските низ домот“, споделуваат надлежните.

nad-20-godini-ja-drzhela-kako-robinka-za-da-go-chisti-domot-detali-za-sluchajot-shto-go-zgrozi-svetot-4.JPG

На лицето имала лузни од рани, а имала и повреди на дланките и колената бидејќи бла присилена постојано да чисти.

Поранешен сосед на Аманда открил дека ја видел жртвата додека била мала, но тогаш не бил свесен што се случува. Притоа, оттогаш поминале десет години и не ни знаел дека таа уште е таму.

Друг сосед вели дека исто така ја имал видено жртвата и ја опишува како многу слаба девојка која била „коски и кожа“.

nad-20-godini-ja-drzhela-kako-robinka-za-da-go-chisti-domot-detali-za-sluchajot-shto-go-zgrozi-svetot-8.JPG

Истрагата на полицијата покажала дека кон крајот на 1990-тите, социјалните служби биле во контакт со Аманда и наводно го посетиле нејзиниот дом, но оттогаш нема запис дека презеле нешто друго.

Жртвата немала никакво медицинско досие и немала отидено на лекар повеќе од две децении.

„Останува фактот дека социјалните служби не презеле ништо. Недостатокот од медицински досиеја или каква било вклученост на социјалните служби повеќе 20 години покажува дека жената никогаш не ја напуштила куќата.

До крајот на 1990-тите, изгледа како жената да пропаднала во земја. Нема ниту една личност што ја видела надвор од куќата“.

nad-20-godini-ja-drzhela-kako-robinka-za-da-go-chisti-domot-detali-za-sluchajot-shto-go-zgrozi-svetot-09.JPG

Кога жената конечно била спасена, ја однеле на лекар, како и на заболекар кој изјавил дека низ годините, сигурно чувствувала огромна болка поради многуте расипани заби и инфекции за кои дотогаш не добила соодветна нега.

Како што споделуваат надлежните, Аманда била личност која требало да се грижи за жртвата, но наместо тоа, ја злоупотребила нејзината ранливост и сурово ја малтретирала.

nad-20-godini-ja-drzhela-kako-robinka-za-da-go-chisti-domot-detali-za-sluchajot-shto-go-zgrozi-svetot-05.JPG

За време на судењето, одбраната на Аманда тврдела дека таа воопшто не ја малтретирала жртвата и дека треба да одговара за запоставување, а не за модерно ропство.

Според одбраната, и другите деца на Аманда биле во лоша состојба и спиеле во валкани соби, а не само жртвата.

nad-20-godini-ja-drzhela-kako-robinka-za-da-go-chisti-domot-detali-za-sluchajot-shto-go-zgrozi-svetot-02.JPG

Сепак, на крај жената беше прогласена за виновна.

Што се однесува до жртвата, надлежните велат дека состојбата ѝ е драстично подобрена.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава