„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работа?“
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
„Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу срамежливо, многу несигурно и никогаш немал интимни односи, иако беше во 60-тите години“, ја започнува Кејли Милер (52) од Велика Британија приказната за својата контроверзна кариера.

Кејли Милер (52) од Велика Британија е секс терапевтка која спиела со повеќе од 400 клиенти.
Таа гостуваше во емисијата „This Morning“ и откри што ја поттикнало да стане сурогат-партнерка, односно да подучува самци како да се бакнуваат, а и како да ја загреат атмосферата во спалната соба.

Таа за својата контроверзна кариера вели дека нејзина цел е да им помогне на другите да доживеат задоволство.
Кејли ги учи своите клиенти како да бидат самоуверени во интимни ситуации. Пред тоа таа работела како масерка.

За своите почетоци вели:
„Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу срамежливо, многу несигурно, никогаш немал интимни односи. Тој беше во средината на своите шеесетти години.
Го прашав: ‘Зошто си тука? Што те донесе?’ и не ја очекував длабочината на одговорот: ‘Не сакам да умрам без да знам како изгледа љубовта’.
Во тој момент, единствениот допир што го имал бил кога одел во локалната продавница да плати со ситни пари, па случајно ќе се допреле со рацете со касиерката.

Гледал низ прозорецот дома како поминува некоја жена секој ден и си замислувал дека е заљубен, но никогаш немал самодоверба, искуство или храброст да продолжи понатаму, oдносно да ѝ се додворува.
Тогаш при тој разговор почувствував дека сум на вистинското место, дека тоа е она за што сум родена.
Секој има своја судбина или нешто што треба да го исполни – ова е мојата...“

Кејли имала една сесија месечно со мажот во текот на една година, помагајќи му да се ослободи од децении на срам и непријатност.
Таа додава:
„Беше многу интересно поради разликата во годините. Тој ми раскажуваше приказни за своето воспитување, кое беше од едно друго време.
Немало видеа, немало уреди – ако сакаш да дојдеш до нешто ‘непристојно’, одиш во видеотека и го криеш во јакната, надевајќи се дека никој нема да те види, ми сподели тој.
Одел во кино, што исто така било исполнето со срам, па неговиот однос кон интимноста се формирал како нешто срамно.
По една година терапија, на крајот тој навистина пронајде сопствена интимна врска.
Успеа да ја пробие таа бариера и навистина да почувствува како изгледа љубовта“.
