Проституција, сведоштва за ритуали и канибализам: Детали за случајот со педофилот Џефри Епстин (и новите документи)
Во јули 2007 година, адвокатите на Епстин имале состанок со јавниот обвинител на САД за Јужниот округ на Флорида.
Тогаш главниот јавен обвинител бил адвокатот Алекс Акоста (кој во 2017 година стана дел од администрацијата на Доналд Трамп).
Алекс Акоста направил договор со адвокатите на Епстин – ФБИ да ја запре истрагата ако милијардерот признае вина за две обвиненија, прифати затворска казна, биде регистриран како сексуален престапник и ако им исплати оштета на жртвите.
Ова е детаљ од целиот случај за Епстин што се има соочено со многу критики.
Жртвите не биле свесни за договорот, па кога отишле на сослушување, сè завршило многу брзо – Епстин се појавил во судницата и по некое време бил изнесен надвор со што се ставил крај на судењето.
Тогаш жртвите, но и полицијата од Палм Бич дознале дека Џефри признал вина за наведување на проституција, како и наведување малолетно лице на проституција. Односно, го прифатил предлогот на јавниот обвинител Акоста.
За ова, добил 18 месеци во затвор со минимално обезбедување.
Но, додека ја издржувал казната, милијардерот имал дозвола да го напушта затворот по дури 12 часа дневно бидејќи наводно работел на фондација што неодамна ја отворил.
Милијардерот беше ослободен по само 13 месеци зад решетки и иако имал условна казна, ја прекршувал речиси секој ден.
Низ годините, неговите жртви пробувале да поднесат тужби и жалби, но залудно.
Во 2015 година, случајот како да тргнува од „мртва точка“, благодарение на тужбата на Вирџинија Робертс Џуфре против Гислејн Максвел.
Иако многу жртви ги споделиле своите страшни приказни со јавноста, сведоштвата на Вирџинија се проширија најбрзо.
Вирџинија сонувала да стане терапевт за масажа, кога добила понуда да работи за Епстин.
Тој период, Вирџинија работела во спа-центарот на Mar-a-Lago – огромниот имот на Доналд Трамп.
И, овде ја запознала Гислејн која ѝ понудила работа кај Епстин.
„Изгледаа како добри луѓе, па им верував. Им кажав дека животот ми беше навистина тежок дотогаш – избегав од дома, бев силувана, физички малтретирана…
Најлошото нешто што го направив е што и го кажав сето ова бидејќи знаеја колку сум ранлива“, има изјавено Вирџинија.
Епстин и Гислејн практично ја заробиле Вирџинија – таа работела како терапевт за масажа за милијардерот, но истовремено била силувана од него.
Знаела дека Епстин е моќен, богат и влијателен и немала како да избега. Притоа, милијардерот честопати ја носел во неговите изолирани куќи, вклучувајќи го и озлогласениот приватен остров.
Вирџинија сведочеше дека била и присилувана на проституција – милијардерот ја носел кај негови пријатели и ја присилувал да има односи со нив.
Кажа и дека во една пригода, била присилена да спие и со принцот Ендру – братот на кралот Чарлс.
Вирџинија е таа што има изјавено дека „клиентите“ на Епстин биле некои од најмоќните луѓе во светот кои исто како него силувале малолетни девојки.
Таа сведочеше и дека Џефри и Гислејн стојат зад цел ринг за проституција.
Вирџинија пробуваше да зборува јавно за своето искуство, но Гислејн Максвел ја нарекуваше лажга и ги негираше нејзините обвиненија.
Па, во 2015-та, Вирџинија ја тужеше за клевета.
Две години подоцна, Вирџинија и Гислејн направија спогодба – нешто што му помогнало на Џефри да избегне судење во кое ќе треба да сведочи.
