Проституција, сведоштва за ритуали и канибализам: Детали за случајот со педофилот Џефри Епстин (и новите документи)
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
Во новообјавените документи од случајот со педофилот Џефри Епстин има бројни вознемирувачки фотографии, како и мејлови и пораки чија содржина во голема мера е скриена. Најмногу внимание привлекуваат мејлови со сведоштва од потенцијални жртви, според кои Епстин и неговите клиенти практикувале канибализам, па и правеле сатанистички ритуали.

Целиот случај со Џефри Епстин започна уште пред 20 години, но тогаш оние кои работеле на него сигурно не биле свесни за она што ќе го откријат.
Она што ќе почне како истрага за неколку силувања и вознемирување на неколку девојки, ќе прерасне во огромен заговор со малолетничка проституција и трговија со луѓе во кој се верува дека се вплеткани некои од најмоќните луѓе во светот.
Со последните документи од истрагата што излегоа во јавност беа објавени и сведоштва според кои зад затворени врати, богаташите правеле многу повеќе од силување деца.
Има сведоштво од наводна жртва за сатанистички ритуали, па и канибализам кои иако не се потврдени со истрага, сепак одново ги разгоруваат теориите на заговор кои одамна постојат за оние кои се наоѓаат на врвот.
Што сè знаеме за истрагата на Џефри Епстин и што открија последните објавени документи за случајот?
Џефри Епстин живеел во Палм Бич, Флорида кога првпат го привлекол вниманието на локалната полиција во 2005 година.
Тие започнале истрага откако родителите на 14-годишно девојче пријавиле дека милијардерот ѝ дал пари на ќерка им за да го масира.
Набрзо откриле дека Епстин честопати им плаќал на малолетни девојчиња за да го масираат во неговата куќа, а некои од нив и ги силувал, како и дека ова се случувало уште од 2002 година, можеби и порано.
Полицијата во Палм Бич околу 13 месеци работела на случајот – почнале да го шпионираат милијардерот, а во една пригода и го пребарале неговиот дом.
Во неговиот дом откриле две скриени камери, но и многу фотографии од девојки. Некои од девојките веќе ги имале интервјуирано.
Истовремено, сфатиле дека пред претресот на домот, некој одзел компјутери и друга електронска опрема, што ги навела да веруваат дека Џефри бил свесен за истрагата и дека пробува да си ги криете трагите.
Додека траела истрага, шефот на полицијата го обвинил државниот обвинител во Палм Бич дека не го сфаќа случајот сериозно, па одлучил да побара помош и од ФБИ.
Државниот обвинител сакал да го обвини Џефри за проституција, но шефот на полицијата сметал дека ова е далеку поблаго обвинение она што го заслужува милијардерот.
Со текот на времето, агентите од ФБИ успеале да најдат над 30 малолетни жртви кои биле силувани или сексуално вознемирувани од милијардерот.
Истрагата покажала и дека во една пригода, милијардерот како „роденденски подарок“ добил три 12-годишни девојчиња од Франција.
Девојчињата биле донесени во САД, а откако ги силувал, биле вратени во Франција.
Истрагата покажала дека тој наоѓал девојчиња и од Бразил, Јужна Америка, Европа, како и земјите од поранешна Југославија.
Некои докази укажувале и на тоа дека француска модна агенција била вклучена во случајот со трговија со луѓе и го снабдувала милијардерот со малолетни девојки.
Кон средината на 2006-та, полицијата од Палм Бич изјавила дека Епстин треба да биде обвинет за незаконски секс со малолетници, како и сексуално малтретирање.
Милијардерот првпат бил уапсен на 27-ми јули 2006 година. Бил однесен во локалниот затвор, но брзо бил ослободен со кауција од 3.000 долари.
Целиот случај бил малку матен – наводно, обвинителот презентирал докази од само две жртви, а на крај Епстин бил обвинет само за проституција.
Тој негирал вина, а во меѓувреме „се опремил“ со моќен адвокатски тим.
Од ФБИ ја продолжиле својата истрага и почнале да градат случај.
Притоа, не соработувале со локалната полиција, но успеале да соберат доволно докази за 60 обвиненија против Епстин.
