Проституција, сведоштва за ритуали и канибализам: Детали за случајот со педофилот Џефри Епстин (и новите документи)
Сепак, истиот период, новинарката Џули К. Браун инсистираше сите документи од случајот да бидат споделени во јавност.
Истата новинарка, со весникот The Miami Herald, објави неколку истражувачки колумни за целиот случај, па јавноста почна да се интересира за Епстин, но и моќните луѓе кои можеби биле вклучени во неговите криминални дела.
Дури во 2019 година, Епстин е уапсен од страна на ФБИ со неколку обвиненија, како проституција со малолетници.
Околу месец и пол откако беше уапсен, Џефри Епстин беше пронајден мртов во затворската ќелија во која го чекаше судењето.
Како причина на смртта беше наведено самоубиство.
Кога милијардерот беше уапсен, ФБИ го пребара неговиот дом во Менхетн каде што нашле стотици фотографии од голи и делумно голи девојки, од кои дел биле малолетни.
Нашле 70.00 долари во кеш, лажен австриски пасош со фотографија на Епстин и бројни други докази за она што го правел.
Милијардерот голем дел од времето минувал на неговиот приватен остров на Карибите, а според сведоштвата на неговите жртви, овде се случувале нивните најголеми трауми.
Наводно на островот често се организирале оргии во кои малолетни девојки биле силувани.
Девојките не биле само од САД, туку од целиот свет и биле разнесувани со приватниот авион на милијардерот.
Во 2020 година беше уапсена и Гислејн Максвел која му помагала на милијардерот во регрутирањето на жртвите.
Со години, документите од истрагата беа скриени од јавноста, но во голема мера поради притисокот од медиумите и јавноста, судската администрација на САД објави дел од нив.
Документите беа објавувани во неколку наврати, а последниот пат беа споделени над 3 милини фајлови.
На дел од нив има фотографии, како принцот Ендру со девојка на подот, но и милијардерот во друштво на деца и малолетни девојки.
Документите содржат и мејлови кои ги испраќал добивал Џефри, како и сведоштва од жртви кои тврдат дека сведочеле како милијардерот и неговите клиенти (или пријатели) се вклучувале и во канибализам и сатанистички ритуали.
Еден ваков мејл кој се спомнува е всушност изјава од наводна жртва на Епстин и можете да го погледнете ТУКА.
Мејлот не покажува дека ова навистина се случувало, туку е исказ од личност која тврдела дека е жртва на Епстин. Во мејлот не е наведено дали ова е докажано.
Еден од повознемирувачките мејлови кој се истакнува е испратен од Џефри и во него вели:
„Ми се допадна видеото со измачувањето“.
Мејлот можете да го погледнете ТУКА, но треба да се нагласи дека не е познато во кој контекст е напишана пораката.
Многу делови од документите се скриени бидејќи, како што велат надлежните, содржат лични податоци на жртвите.
Притоа, документите не се организирани и се пребарува само според клучен збор.
Па, иако поминаа неколку денови од нивното објавување, поради целиот хаос, поттикнаа повеќе прашања отколку што дадоа одговори.
Дел од јавноста смета и дека документите кои не се објавени содржат уште повознермиувачки работи и се многу поцврст доказ за вмешаноста на бројни моќни луѓе во целиот случај.
Истовремено, голем дел од документите потоа беа повлечени бидејќи содржеле податоци за жртвите. За ова, на социјалните мрежи се огласија и неколку жртви кои сметаат дека со откривањето на нивниот идентитет, нивната безбедност е загрозена.
Исто така, треба да се напомни дека само затоа што нечие име се спомнува во документите, не значи дека имал каква било поврзаност со криминалните дела на Епстин.
Истото важи и за фотографиите бидејќи како што откриваат некои сведоци, Епстин имал и „нормални“ средби со моќни и познати луѓе бидејќи, сепак, бил и бизнисмен.
Документите содржат деловни мејлови и куп слични пораки. Па, ако пребарувате нечие име во нив, важно е да прочитате во кој контекст е спомнато во документот.
Документите може да се погледнат на официјалниот веб-сајт на Министерството за правда на САД на линкот ТУКА.
Спирова С. | Црнобело
