Забавни и непријатни моменти на Super Bowl 2026 + најсмешните мемиња за настанот
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
Ким Карадашијан се појави со новиот дечко, а настапот на Бед Бани навистина ги подели Американците. На натпреварот се продавал и бургер по цена од 180 долари.

Синоќа (08.02) се одржа годинашното издание на Super Bowl – најпопуларниот и најгледаниот спортски настан во Америка.
Покрај самиот натпревар во американски фудбал, многу внимание привлекува и музичката точка на полувремето, каде секогаш настапуваат врвни ѕвезди.
Годинава таа чест му припадна на Бед Бани, а поради политичката ситуација во САД, настапот беше дочекан со комплименти, но беше и критикуван.
Дел од моментите што го одбележаа настанот:
Многумина го коментираа бургерот кој се продавал на настанот по цена од дури 180 долари.
Играчот Мак Холинс пристигна на натпреварот бос, со лисици и маска, па го споредуваа со Ханибал Лектор.


На контроверзниот инфлуенсер Џејк Пол не му се допаѓаше што на полувремето настапува Бед Бани бидејќи не бил „вистински Американец“, па на Твитер им порача на следбениците да го бојкотираат полувремето.
Впрочем, ситуацијата во САД е мошне тензична, па имаше и други славни личности кои беа против настапот на Бед Бани, а имаше организирано и „само американско полувреме“ кое се емитуваше на Јутјуб во исто време како и настапот на Бед Бани.
Една од главните точки на „контра полувремето“ му припаѓаше на кантри пејачот Кид Рок.

Сепак, настапот помина навистина добро, а на изненадување на публиката, на сцена се качи и Лејди Гага, но се појавија и Рики Мартин, Џесика Алба, Педро Паскал…

Серена Вилијамс повторно беше критикувана бидејќи промовираше слабеење со инјекции.
Ким Кардашијан, пак, се појави на натпреварот со новиот дечко – Луис Хамилтон.

Како минатата година, Џеј Зи присуствуваше на натпреварот со ќерка му Блу Ајви, а на прв поглед сите помислија дека е Бијонсе.

На една од рекламите на Super Bowl имаше караоке со Everybody на Backstreet Boys – на екранот беше прикажан текстот, а во заднина се слушаше само мелодијата.
И додека носталгичниот момент беше пречекан со радост, голем дел од јавноста потоа го критикуваше бидејќи излезе дека е реклама за Coinbase – апликација за тргување со криптовалути.