Пропаднат брак, раскината свршувачка, неверство - Љубовниот живот на скијачката Линдзи Вон
- Детали
- сабота, 14 февруари 2026
Една од најдобрите светски скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, има бурен љубовен живот - големи љубови, но и болни раскинувања. Сепак, најпозната е врската со голф играчот Тајгер Вудс, кој ја изневерувал додека биле во врска, а кој неколку години подоцна отиде на терапија за лекување секс-зависност.

Скијачката Линдзи Вон го заврши својот настап на Олимпијадата неславно, со пад по само 13 секунди на патеката, по што беше итно пренесена во болница.
Една од најдобрите скијачки на сите времиња, по ова преку социјалните мрежи кажа дека не жали што си дала уште една шанса и што пробала да се бори за злато на Олимпијадата, велејжи дека не се кае за ништо.
Таа објави и фотографии од болничката соба на која се гледа како нејзината повредена нога е фиксирана со метални шипки.
Сето ова повторно го сврте вниманието кон Вон и нејзиниот приватен живот, но и љубовните скандали што ја следеа.
Од 2013 до 2015 таа беше во врска со голферот Тајгер Вудс. И иако однадвор делуваше дека нивната врска е идилична, се покажа дека Вудс е прељубник и дека ја изневерил неколкупати.
Парот се запознал преку заеднички пријатели и за кратко време почнале да се гледаат.

Во моментот кога почнаа врска, Вудс веќе има 14 трофеи од најголемите голф турнири, а Вон беше на врвот на светското скијање, како олимписки шампион во спуст во 2010 година во Ванкувер.
Иако по раскинувањето Вон тврдеше дека се разделиле бидејќи „двајцата воделе неверојатно зафатени животи, поради што биле принудени да го поминуваме поголемиот дел од времето разделени“, вистината е дека Вудс ја изневерила Вон.
Според Daily Mail, Вудс ја изневерил Вон со „безлична, безимена жена“, и ова го открил негов пријател, кој знаел за аферата.
Подоцна се дозна и дека Вудс постојано бил неверен, а тој јавно призна дека имал повеќе вонбрачни афери, дури и за време на бракот со Елин Нордегрен.
Поради ова голферот побарал терапија за да ја реши својата зависност од секс.
Иако во интервју во 2016 година Вон изјави дека е среќна што повторно си е самата приоритет на себе, подоцна тврдеше дека таа и Вудс се сè уште во добри односи.
„Го сакав толку многу, и сè уште го сакам. Едноставно не успеа, знаете?“
Пред да почне да се гледа со Вудс, Линдзи Вон 4 години беше во брак со скијачот Томас Вон.
Тој ја запросил на дочекот на 2006 година на полноќ, во Австрија, а се венчаа следната година.
Бракот заврши болно во 2011 година. И покрај тоа, таа тврдеше дека по разводот скијала најдобро во животот.
„Сезоната откако се разведов беше најдобрата сезона во мојата кариера“, рече тогаш Линдзи.
