Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар што ја оштетил целата градба. Поради брзата реакција, особено на вработените во локалот, успешно биле евакуирани сите гости, а само тројца имале минимални повреди, но не биле испратен во болница.

Кратко по годишнината од пожарот во Кочани, во Германија се случи ист инцидент, но за среќа беше избегната голема трагедија.
Во дискотека во германски град Кел избувнал пожар, но поради брзата реакција, успешно биле евакуирани сите гости.
Околу 750 гости и вработени биле во дискотеката K Club, кога во недела (29.03), во 3:45 часот наутро избувнал пожар.

Огнот брзо се ширел и ја зафатил целата градба, а над 80 пожарникари, полицајци и медицински лица веднаш дошле на местото за да помогнат.
Според изјава на гостин во локалот, присутните биле известени веднаш штом избувнал пожарот, и тоа на три јазици – германски, англиски и француски.
„Одеднаш само слушнавме ’Има пожар!‘“ – сподели гостинот.

Според другите сведоци, вработените мошне професионално ја извеле евакуацијата, па сите присутни биле извадени надвор навреме.
На три лица им била укажана лекарска помош, но биле во стабилна состојба и не ни биле однесени во болница.
Според надлежните, пожарот предизвикал огромна штета, па по гаснењето, веднаш почнале со рушење на градбата.
За инцидентот се огласи и градоначалникот на Кел, кој истакна дека е среќен што нема повредени, а истовремено им се заблагодари на вработените во дискотеката за брзата евакуација.

Засега не е позната причината за пожарот и истрагата е во тек.
Пред само три месеци, сличен инцидент во скијачки ресорт во Швајцарија заврши со трагедија – во пожар во популарен локал загинаа 41 лице, а над 100 беа повредени.
За потсетување, на нова година, околу два часа по полноќ во преполнат дискотека Le Constellation избувнал пожар од пиротехника.

Сопствениците на локалот – Жак и Џесика Морети – се меѓу обвинетите бидејќи дискотеката не ги исполнувала стандардите за безбедност.
Што се однесува до пожарот во Германија, некои коментираат дека е вистинско чудо што и покрај огромниот број посетители, сите поминале бев повреди.
На Твитер, пак, веќе се споделуваат морничави фотографии и видеа од инцидентот:

