Кои се таинствените богаташи што стојат зад најпопуларните порнографски сајтови?
И, Бернард се има соочувано со критики за содржината на неговиот сајт, односно постојат многу шпекулации дека голем дел од видеата не се објавени во согласност со жените што ги снимиле, а за некои се верува и дека се протечени приватен снимки.
Иронично е што неговата сопруга се има најдено во слична ситуација – онлајн се споделуваа нејзини разголени фотки, без нејзина дозвола.
Таа избегнува да зборува за сопругот, но во една пригода сподели дека се надева дека тој ќе се дистанцира од порноиндустријата.
Богатството на Бернард се проценува на повеќе од 1,2 милијарди долари.

Фабијан Тилман
Нарекуван и „Закерберг на бесплатната порнографија“, Фабијан е основач на компанијата која стои зад Pornhub.
Како и останатите на листата, и тој се држеше настрана од јавност и ретко даваше интервјуа, но уште важи за највлијателната личност во индустријата.
Откако беше обвинет за затајување данок, Фабијан почна почесто да се фали со своите милиони.

Во 2013 година тој ја продаде компанијата, а на неговиот веб-сајт се нарекува дека е еден од најуспешните интернет претприемачи. Има и неколку нови бизниси, како компанија за крстарење со јахти и свој ноќен клуб.
Неговото богатство се проценува на околу 300 милиони долари.

Дејвид Тасило и Ферас Антун
Ферас Антун е креатор на веб-сајтот Brazzers кој подоцна му го продаде на Фабијан Тилман.
Сепак, во 2013-та, заедно со Дејвид Тасило, тој ја купи компанијата на Фабијан, а со тоа и си го врати сајтот.
Како австрискиот бизнисмен Бернард, и тие имаат голем удел во моќната компанија и се косопственици на Pornhub.
Дејвид се држи настрана од јавност, додека Ферас беше приватна личност сè до 2020 година.

Дотогаш тој со години избегнуваше да се огласува за критиките насочени кон сајтот, но таа година неговата куќа изгоре.
Во интервју по инцидентот, тој сподели дека се сомнева дека пожарот бил подметнат од активисти кои ја мразат порноиндустријата.

Кратко пред пожарот, Pornhub првпат објави извештај во кој ја спомнува содржината што ги прекршува правилата за користење.
Според извештајот над половина милион видеа спаѓале во оваа категорија, што значи на сајтот имало нелегално стекнати снимки, а можеби и уште пострашни работи, како снимки направени присилно.
До 2022 година, тој беше извршен директор на компанијата, но потоа се повлече.

Спирова С. | Црнобело