Кои се таинствените богаташи што стојат зад најпопуларните порнографски сајтови?

Сопственикот на OnlyFans кој почина неодамна беше милијардер, но и толку таинствена личност, што во јавност се достапни само две фотографии од него. Кои се богаташите што стојат зад најпопуларните порнографски сајтови?

koi-se-tainstvenite-bogatashi-shto-stojat-zad-najpopularnite-pornografski-sajtovi-01.jpg

Колку и да звучи загрижувачки, факт е дека порнографијата е една од најпрофитабилните индустрии во светот.

Но, од овие пари мал дел одат кај порно актерите – мнозинството завршува во џебот на сопствениците на веб-сајтовите со порнографска содржина.

Иако заработуваат милиони, овие луѓе обично се држат настрана од очите на јавноста.

Најдобар пример за ова е сопственикот на OnlyFans, Леонид Радвински, кој неодамна почина од рак. Тој беше толку таинствен, што во јавност се достапни само две фотографии од него.

Како сопственик на една од најпознатите платформи за порнографија, Леонид уживаше во статусот на милијардер, а во двете години откако ја купи OnlyFans, наводно заработил дури 630 милиони долари.

koi-se-tainstvenite-bogatashi-shto-stojat-zad-najpopularnite-pornografski-sajtovi-03.jpg

Што знаеме за Леонид, но и другите богаташи кои ги изградија своите империи во порноиндустријата?

Леонид Радвински и Тим Стокели

Основачот на OnlyFans не е Леонид, туку Тим Стокели.

По неколку пропаднати бизниси, тој позајмил околу 10.000 долари од неговиот татко и ја лансирал платформата.

Иако денес се користи главно за порнографија, OnlyFans е всушност платформа на која може да се сподели секаква ексклузивна содржина – на пример, курсеви за разни области.

Но, кога ќе се земе предвид дека Тим и претходно имал основано порнографски сајт, веројатно таа му била идејата и со OnlyFans.

koi-se-tainstvenite-bogatashi-shto-stojat-zad-najpopularnite-pornografski-sajtovi-10.jpg

До 2021-ва на платформата имало 130 милиони корисници, а набрзо потоа Тим се повлече од позицијата на извршен директор и 75% од компанијата продаде на Леонид Радвински.

Богатството на Тим се проценува на околу 100 милиони долари и ретко споделува свои фотографии.

Но, кога објавува нешто, обично се фали со раскошниот живот.

koi-se-tainstvenite-bogatashi-shto-stojat-zad-najpopularnite-pornografski-sajtovi-11.jpg

Леонид, од друга страна, уживаше статус на милијардер и тој е должен за огромниот успех на OnlyFans.

Иако креаторите на платформата наплаќаат за нивните содржини, голем дел од членарината одеше кај него.

Многу креатори имаат изјавено дека ваквиот бизнис модел е многу погоден за нив, но платформата не е без скандали и контроверзии.

Постојат шпекулации дека дел од креаторите, поготово жените, се експлоатирани, па дури и дека некои од нив се жртви на трговија со луѓе и се присилувани да снимаат содржини.

koi-se-tainstvenite-bogatashi-shto-stojat-zad-najpopularnite-pornografski-sajtovi-05.jpg

Бернард Бергемар

Бернард е австриски бизнисмен кој поседува најмногу акции од компанијата која стои зад најпознатиот порносајт – Pornhub.

Како Леонид, и тој се труди да ја зачува својата приватност, а пред истрага спроведена од Financial Times, неговото име не се ни појавуваше во пребарувањата на Гугл.

Самиот не е активен на социјалните мрежи, но неговата сопруга, бразилскиот модел Присила Бергемар – сака да се фали со раскошот во којшто уживаат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...

Најчитани неделава