На 9 години беше „најубаво девојче на светот“, мајка ѝ ја сексуализираше – Кристина Пименова (20) и денес е убавица
- Детали
- сабота, 04 април 2026
„Само педофил може да помисли дека ова е провокативно“ - Мајка ѝ тогаш беше обвинета дека ја сексуализира и објавува провокативни пози од ќерката иако е дете, но таа го негираше тоа. Денес Кристина Пименова има 20 години, порасна во вистинска убавица и се занимава со моделство и актерство.

Кристина Пименова од Русија влегла во моделските води уште на 4-годишна возраст, кога мајка ѝ испратила нејзини фотографии во агенција за деца модели.
Таа работеше од најмала возраст со брендови како Armani, Benetton, Burberry и Roberto Cavalli, а во 2014-та, на свои 9 години, беше прогласена за „најубавото девојче во светот“.

Малата Кристина освојуваше со својата слатка убавина, но нејзината мајка, Гликерија Широкова, во тој период беше критикувана и осудена дека ја сексуализира ќерката, објавувајќи провокативни фотки од неа.

Во разговор за Daily Mail, своевремено, мајката одби да ги прифати критиките и изјави:
„Сите нејзини фотографии се невини, не сум побарала никогаш да направи некоја поза.
Треба да размислуваш како педофил за да помислиш дека има нешто сексуално во нејзините фотографии, тогаш на тие луѓе време им е да посетат доктор.
Пред неколку години објавив фотка од малата Кристина на плажа, каде прегрнува плишани играчки и се смее.
Луѓето коментираа: „Леле, мајка ѝ ѝ ги крие градите со играчките, мисли дека има нешто за да се крие“.
Ви се верува ли? Луѓето кои го помислуваат тоа имаат психолошки проблем“.

Голем дел од нејзиното детство Кристина го помина како модел, за што вели дека ѝ било забавно и уживала во дружењето и патувањето, а професијата ѝ доаѓала природно.


Иако уште е дел од модната индустрија, сепак сега повеќе е фокусирана на драмските студии и актерската кариера.
Пименова денес има 20 години и уште изгледа прекрасно, со својот нежен лик и совршено сини очи.
Погледнете повеќе фотки од неа сега:
М. М. | Црнобело