Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породување (видео)
- Детали
- среда, 06 август 2025
32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поставена врз тавче, додека носи високи потпетици, но во еден миг губи рамнотежа и паѓа oд кујнскиот пулт. ТикТок предизвикот потекнува од спот на раперката Ники Минаж. Бизарно и опасно, зарем не?

Мајка инфлуенсерка од Русија го повреди својот ‘рбет обидувајќи се да учествува во виралниот ТикТок предизвик „Nicki Minaj stiletto challenge“, само 8 седмици откако добила бебе.
Во видеото што кружи може да се види како инфлуенсерката Маријана Васиук (32), позната и како Маријана Баруткина, балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поставена врз тавче, додека носи високи потпетици.

Покрај неа, има личност што ја држи за рака додека се обидува да се избалансира самостојно на кујнскиот пулт.
Меѓутоа, веднаш штом оваа личност ја пушта раката, Маријана ја губи рамнотежата и тавчето се лизга оддолу, предизвикувајќи да падне од пултот.


Во описот кој подоцна го избриша, инфлуенсерката објасни што се случило по падот, пишувајќи дека претрпела компресиона флексиска фрактура (што е тип на повреда на ‘рбетниот столб).

„Иронија? Карма? Или само животот, кој секогаш ја тестира нашата сила на најнеочекуваните моменти“, напиша таа шеговитo во описот.
Трендот е инспириран од позата која раперката Ники Минаж ја прави во спотот за песната „High School“ од 2013 година, со учество на Лил Вејн, каде што таа балансира на високи потпетици покрај базен.

Во последно време, овој тренд стана популарен на TикТок, каде што девојки и жени на високи потпетици ја тестираат својата способност за баланс на секакви предмети.
Предизвикот во случајот на Маријана се покажа како опасен по здравјето и животот, но таа во следната објава на социјалните мрежи откри дека благодарение на падот, се разбудила како „популарна личност“.

„По падот се чувствувам одлично, следам упатства од докторите и сега живеам со ‘ѕвезден’ статус , се шегува Васиук со своите следбеници, но реалноста е дека нејзината ситуација е пример зошто не треба да се следат бесмислени ТикТок предизвици.
Кликнете за да го видите видеото:
Погледнете го спотот на Ники Минаж, од каде потекнува овој предизвик:
С. С. | Црнобело
