„Го злоупотреби“ - Слон бил офарбан розов, бизарниот потег на фотографка поттикна револт во Индија
- Детали
- петок, 03 април 2026
„Злоупотреби стар слон само за фотосесија. Слонот сега е мртов, а ти се обидуваш да се оправдаш!? Неверојатно!“, е еден од осудувачките коментари кон Јулија Бурулева, фотографка од Русија. Но, таа тврди дека слонот (65) починал од старост, 4 месеци по фотосесијата, а не од бојата.

Јулија Бурулева (47), фотографка од Русија, се најде среде скандал откако обои слон во розова боја за да направи фотосесија со него.

Таа се соочи со бран негодувања по смртта на животното, четири месеци по контроверзната фотосесија. Вели дека дури се соочува и со смртни закани.
Јулија инсистира дека индискиот слон починал од старост, но признава дека била предупредена дека проектот е чувствителен уште кога барала полуголи локални модели кои би позирале обоени во розово.

Бурулева претходно фотографирала и обоени камили како дел од нејзината работа како уметнички фотограф.
Таа се соочи со силна критика откако било откриено дека 65-годишниот „розов слон“ починал по снимањето, иако нема докази што ја поврзуваат фотосесијата со неговата смрт.

Јулија напиша:
„Како би се справиле ако сте бомбардирани со толкава омраза?
Буквално целиот индиски печат пишуваше за контроверзната фотосесија со розовиот слон, а таму има 1,5 милијарди луѓе. И сега тоа се шири и надвор од Индија.
Добивам десет пораки во минута – навреди и желби за смрт за мене и моите најблиски. Премногу сум изморена за да следам сè…“

Инаку, во конзервативната индиска заедница, беше тешко да се најде некој што би прифатил да биде полугол и обоен во розово, додека јава слон.
Сепак, тоа не ја обесхрабрило и на крај успеала.

Индиските медиуми нагласуваат дека Бурулева сега бара јавна поддршка.
Следбениците на Јулија, која бара поддршка од јавноста, ѝ пишуваат:
„Извини, но не, не заслужуваш поддршка. Тоа беше стар слон кој не можеше да каже дали чувствува болка или непријатност.
Животните не се трофеи или играчки...“

Друг вели:
„Злоупотреби стар слон само за фотосесија. Слонот сега е мртов, а ти се обидуваш да се оправдаш!? Неверојатно!“

Инаку, на 20-ти март Јулија на својот Инстаграм профил објави детали за сликањето со слонот.
Нејзината објава:
„Како го насликавме слонот во Џајпур? Погледнете „зад сцената“...
Веројатно вредеше да се дојде во Индија само за ова снимање. Поминав 6 недели во Џајпур – по првата недела, кога мозокот веќе ми беше преплавен со сите бои и слики од градот, ми се појави оваа идеја: розов слон пред класични раџастански порти.
