Шпекулации за смртта на НЛО истражувач: Предупредуваше за 11-те исчезнати научници, веруваше дека властите кријат нешто
Инаку, со работата во Институтот, Ејми и татко ѝ работеле на проучување на технологии како „антигравитација“.
Ова се напредни технологии кои уште се недостапни за нас, па се сметаат за „егзотични“.
Уште двајца инженери на НАСА се поврзуваат со теоријата на заговор – Мајкл Хикс (59) и Френк Мејволд (61) – кои работеле во Jet Propulsion Laboratory.
Мајк починал во 2023-та, а Френк следната година, но причината за смртта никогаш не е јавно објавена, а не биле направени ни аутопсии.
Друг на листат е 78-годишниот Ентони Чавез, пензионер кој претходно работел во Los Alamos National Laboratory – институт познат како местото каде што се родила атомската бомба.
Тој бил пријавен за исчезнат во мај 2025-та и уште не е најден.
Моника Хасинто Реза (60) исчезнала еден месец подоцна, додека била на планинарење во Калифорнија. И таа била инженер во НАСА, поточно во Јet Propulsion Laboratory.
Претходно работела и на проект со ракети финансиран од американските воздушни сили.
На овој проект соработувала со генерал Вилијам Нил Меккасланд кој исчезна во февруари годинава – излегол од неговиот дом само во чизми и со пиштол.
Според неговата сопруга, тој планирал да се скрие за „никој да не може да го најде“.
Инаку, генералот е поврзуван и со случаи со НЛО кои не мора да значи дека се вонземјани, туку само неидентификувани летала, како дронови.
Меѓу исчезнатите и 53-годишната Мелиса Касијас која работела во Los Alamos National Laboratory.
Откако ѝ однела ручек на ќерка ѝ на работа, таа исчезнала, оставајќи ги дома нејзиниот телефон, клучевите и паричникот.
Безбедносна камера ја снимила како оди по улица, но уште не е лоцирана.
Меѓу исчезнатите и загинатите им а и професор од MIT, истражувач од Caltech и уште неколку луѓе кои работеле на важни научни проекти.
Сите исчезнувања и убиства се случуваат од 2022 година, па ова ги тера теоретичарите на заговор да веруваат дека некој пробува да прикрие нешто.
Сега, со смртта на НЛО истражувачот Дејвид, теоријата дополнително се разгоре. Бидејќи е толку популарна периодов, се огласи и претседателот Доналд Трамп кој изјави:
„Се надевам дека е случајност, но ќе дознаеме во наредните недела и пол.
Многу сериозна ситуација, надежно е случајност или како сакате да ја наречете“.
Спирова С. | Црнобело