Шпекулации за смртта на НЛО истражувач: Предупредуваше за 11-те исчезнати научници, веруваше дека властите кријат нешто

Од 2022 до денес, 11 научници и инженери од САД исчезнале или умреле во мистериозни околности. НЛО истражувачот Дејвид Вилкок зборуваше на оваа тема, а веќе следниот ден, во понеделникот, беше пронајден мртов и наводно извршил самоубиство. Но, неговите следбеници не веруваат во оваа „приказна“.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto01.jpg

Ако сакате теории на заговор, особено поврзани со вонземјани и НЛО, веројатно сте го слушнале името Дејвид Вилкок.

53-годишниот Дејвид важеше за еден од најпознатите „истражувачи“ на НЛО, а се има појавено и во популарната серија Ancient Aliens.

Автор е на неколку книги кои се фокусираат на теории на заговор за вонземјани и тој цврсто веруваше дека американските власти го кријат нивното постоење од јавноста.

Но, тој почина на 20-ти април и според надлежните, извршил самоубиство.

Сепак, следбениците на Дејвид се убедени дека во целата приказна има нешто матно, особено бидејќи пред смртта тој зборуваше за мистериозното исчезнување и смртта на неколку научници од САД.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto-10.JPG

Зошто јавноста верува дека некој пробал да го замолчи Дејвид?

Според официјалните информации, Дејвид извршил самоубиство во понеделникот (20.04), околу 11 часот наутро.

Полицијата пристигнала во неговиот дом откако добиле повик за „маж кој се соочува со криза со менталното здравје“.

Неколку минути откако полицијата дошла, Дејвид се застрелал со пиштол и бил прогласен за мртов на самото место.

Денес се огласи неговото семејство кое исто така потврдува дека Дејвид извршил самоубиство.

„Дејвид Вилкок си го одзеде животот на 20-ти април 2026-та, по долга битка со депресија и голем финансиски долг.

Неговото семејство се надева дека оваа загуба ќе поттикне повеќе фокус на проблемите со менталното здравје“, гласи дел од изјавата.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto-09.JPG

Неговото семејство вели дека Дејвид бил јавна личност, но и тој имал приватен живот кој бил невидлив за неговите фанови.

„Покрај неговиот јавен идентитет, Дејвид беше човек кој се соочуваше со истите проблеми и ранливости што ги оформуваат нашите животи…

Додека беше познат како харизматичен учител на неговите фанови, неговите најблиски ја знаеја длабочината на неговите проблеми со менталното здравје кои не беа третирани.

Многумина од вас кои го знаат оддалеку шпекулираат дека има некаков заговор поврзан со неговата смрт. Но, можеме да ве осигуриме дека нема ништо такво“.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto-11.JPG

Сепак, фановите на Дејвид не сакаат да веруваат во изјавата на семејството, најмногу поради популарна теорија на заговор.

Во неделата, еден ден пред неговата смрт, Дејвид се вклучи во живо на Јутјуб и зборуваше за исчезнатите и починатите научници од САД.

Периодов е разгорена теоријата на заговор дека овие исчезнувања и смртни случаи се поврзани и не се случајни, особено бидејќи се случиле во период од само 3-4 години.

„Возбуден сум што сум овде, секој ден на земјата е дар и благослов и многу сум благодарен за ова бидејќи, искрено, луѓето исчезнуваат.

Научниците исчезнуваат. Малку е страшно. Морам да признаам дека е малку страшно“, сподели Дејвид.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto-12.JPG

Пред вклучувањето во живо, на Твитер тој сподели дека за викендот му се случувале некои „напнати работи“.

По смртта на Дејвид, теоријата на заговор за исчезнатите научници уште толку се разгоре, па дури и ФБИ сподели дека ќе го разгледа случајот.

Инаку, во прашање се 11 научници од кои повеќето работеле на вселенски и нуклеарни програми, а кои изминативе неколку години починале или мистериозно исчезнале.

Во 2025-та почина уште еден научник од НАСА за кој теоретичарите на заговор веруваат дека спаѓа во истата листа.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto-13.JPG

29-годишнтио Џошуа Бланк загина во пожар во неговиот Tesla автомобил, на 22-ри јули минатата година. Наводно, автомобилот се запалил откако удрил во ограда и дрвја.

Џошуа работел во НАСА како инженер и се фокусирал на проекти за нуклеарен погон.

Околностите за неговата смрт се навистина чудни.

Автомобилот на инженерот бил паркиран на аеродром околу четири часа, пред да почне да вози. Чудно било и што неговиот телефон и паричникот биле дома, а не со него.

Поради сето ова, неговото семејство прво мислело дека тој е киднапиран.

smrtta-na-nlo-istrazhuvach-pottikna-shpekulacii-predupreduvashe-za-11-te-ischeznati-i-mrtvi-nauchnici-veruvashe-deka-vlastite-krijat-neshto-02.JPG

Друга на листата е 34-годишната Ејми Ескриџ која почина во 2022-ра, наводно од самоубиство – сама се застрелала во главата со пиштол.

Ејми беше коосновач на Институтот за егзотична наука кој го водеше со нејзиниот татко – поранешен инженер од НАСА.

Смртта на Ејми почна да привлекува внимание откако се појави видео од 2020-та, на кое таа вели дека нејзиниот живот бил во опасност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава