На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД
- Детали
- вторник, 28 април 2026
За пречекот на кралскиот пар, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта боја, а кралицата носеше бел фустан со везови. Најпрво кралскиот пар пиеше чај со Доналд и Меланија во Белата куќа, а потоа отидоа на раскошна забава во Британската амбасада на којашто присуствуваа 650 гости.

Кралот Чарлс и кралицата Камила се во четиридневна посета на Соединетите американски држави.
Последната ваква посета на британското кралско семејство беше во 2007 година, додека кралицата Елизабета уште беше жива.
Наскоро САД ќе ја прослави 250-тата годишнина од прогласувањето независност од Британија, а официјалната посета е во чест на силната врска што ја имаат изградено двете земји.
Првиот ден од историската посета помина со раскошна забава со 650 гости во Вашингтон.
Кога Чарлс и Камила слетаа во САД, беа пречекани со букет цвеќе, а веднаш потоа беа отсвирени химните на САД и Англија.
Потоа кралскиот пар се упати кон Белата куќа, каде што беа пречекани од Доналд и Меланија Трамп.
Елегантна како и секогаш, за посебната пригода Меланија носеше сако и здолниште во путер жолта боја, додека кралицата се појави со едноставен бел фустан украсен со везови.
Кралот и претседателот носеа темносини костуми и вратоврска.
Во таканаречената Зелена соба, Доналд, Меланија и кралскиот пар пиеја чај.
Потоа се упатија кон Британската амбасада во Вашингтон каде што беше организиран главниот настан – забавата.
На настанот присуствуваше политичката елита од САД, како и важни имиња од Англија, а беа поканети и некои истакнати личности, како британскиот олимписки нуркач Том Дејли.
Забавата беше организирана од кралското семејство, па следејќи ја британската традиција, за гостите биле направени 3.000 сендвичи со продукти увезени од Англија.