На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД
Пред забавата во амбасадата, кралскиот пар посети и друг значаен момент – беше направен временска капсула со цел да се одбележи 250-тата годишнина од независноста на Америка.
Во временската капсула, меѓу другото, беа ставени есеи напишани од ученици во Вашингтон.
Капсулата ќе биде поставена под споменикот „Вашингтон“, а ќе биде отворена на 500-тата годишнина од независноста.
На кралскиот пар му остануваат уште три дена во САД и ги очекуваат разни активности со претседателот и првата дама.
Денес ќе има и свечена вчера во Белата куќа во чест на кралскиот пар.
Во среда Чарлс и Камила треба да го посетат Њујорк, а во четврток ќе одат во Вирџинија каде ќе присуствуваат на прослава за 250-тиот „роденден“ на Америка.