Се лекувал со индуцирана кома: Каде исчезна познатиот психолог, кој има болест што е наречена „најстрашно човечко искуство“?
„И најдобрите денови му се исполнети со болка, но уште може да оди на прошетки, да работи на проекти и да води разговор. Но, сето ова со многу тешкотии и обично на многу краток период.
На лошите денови постојано чувствува болка и се справува со состојбата акатизија. Тешко му е да се фокусира и станува очаен“, открива изворот на Daily Mail.
Џордан Питерсон и во минатото имал проблеми со менталното здравје.
Но, посериозните проблеми почнаа во 2019-та, кога неговата сопруга доби дијагноза за рак на бубрегот.
На авторот му биле препишани лекови против анксиозност, но според неговото семејство имал многу лоша реакција на нив.
И самиот актер имаше изјавено дека на моменти се чувствувал толку лошо што на моменти сакал да умре.
Веројатно овој период ја развил акатизијата, како последица на лековите. Но наместо да ја третира како што му препорачувале лекарите, тој експериментирал со бизарни третмани.
Сега, за Daily Mail, извори блиски до него велат дека овие експерименти веројатно му ја влошиле состојбата и му ги засилиле симптомите, наместо да му помогнат.
Лекарите го советувале да почне постепено да ја намалува дозата на лековите што ги пиел бидејќи на овој начин ќе се ослободел од зависноста и ќе се ублажеле симптомите.
Наместо да ги слуша, во 2020 година, Џордан замина во Москва каде што помина повеќе од една недела во индуцирана кома.
Тој сметал дека на овој начин ќе направи „брза детоксикација“ и ќе го реши проблемот.
Потоа почнал да го следи бизарниот начин на исхрана на ќерка му – да јаде само црвено месо. Ова, секако, не е препорачливо од ниту еден лекар.
Пријател на Џордан, кој соработувал со него уште пред да се прослави, вели дека писателот бил многу поздрав пред да почне со бизарниот начин на исхрана.
По целото патешествие со индуцираната кома и новиот начин на исхрана, состојбата на Џордан значително се влошила – не можел да оди, имал проблеми со сеќавањето, па поминал месеци на рехабилитација во Москва, но и Србија.
Состојбата на писателот почнала да подобрува и нашол начин да се справува со акатизијата со многу долги прошетки и 90-минутни третмани во сауна.
Пред неколку години, пак, тој издаде и нова книга.
Но, во 2024-та се соочи со нов предизвик – неговите родители починаа и тој тешко се справил со загубата. Тогаш одлучил да се пресели во Аризона каде што живееле тие.
Во 2025 година итно бил однесен во болница поради пневмонија од која му се развила и сепса. Па, сите настани и турнеи за 2026-та беа откажани.
Оттогаш, нема редовни новости ни на неговиот Јутјуб канал.
Според друг близок извор на писателот, многу од неговите блиски се уверени дека самиот си ја влошил состојба:
„Неговата навика да им се спротивставува на експертите му го поплочи патот до недокажаната медицина, исто како што му го поплочи и патот до успехот“.
Самиот Џордан се нема огласено за ништо, а неговите фанови се надеваат дека кога-тогаш ќе слушнат добри вести.
Спирова С. | Црнобело