„Се заразив со хантавирус во детството – имав ректално крвавење, до денес имам фобија од повраќање“
- Детали
- среда, 20 мај 2026
„Имам многу сеќавања од тој приод бидејќи беше трауматичен. Се сеќавам дека прво имав симптоми како од грип и ми дава антибиотици. Потоа, еден ден се појави ректалното крвавење“, раскажува Шанија од Лос Анџелес која во детството се заразила со хантавирус и, за среќа, преживеала.

Периодов хантавирусот е во фокусот на јавноста, откако вирусот се појави на крузер, а имаше и смртни случаи.
Хантавирусот се појавува кај глодари, но може да се пренесе и на човек. Само еден вид на вирусот може да се пренесе од човек на човек, а токму тој беше забележан на крузерот.
Заразата со хантавирус е многу ретка, но по траумите од пандемијата, нормално е што луѓето малку паничат, особено кога ќе се земе предвид дека нема лек, како и дека стапката на смртност е многу висока.

Засега, ситуацијата со хантавирусот е под контрола и патниците од крузерот се во карантин. Но, луѓе кои се соочиле со вирусот и преживеале, почнаа да споделуваат свои искуства.
Една од нив е 38-годишната Шанија Монтиел која за New York Post вели дека битката со вирусот ѝ е еден од најтрауматичните период од животот.
Кога се заразила, Шанија била само дете, а вирусот бил толку редок, што родителите ја однеле кај неколку различни лекари пред конечно да добие дијагноза.
Шанија, која потекнува од Лос Анџелес, вели дека на петгодишна возраст почнала да повраќа и да крвави од аналниот отвор.
Поминала цела недела во болница каде што ѝ правеле тестови за менингитис и леукемија за да утврдат што ѝ се случува.
Кога конечно добила дијагноза, лекарот им кажал на нејзините родители дека има хантавирус, но поразличен вид од оној што беше забележан на крузерот.