Минуваат 23 часа во ќелија со 60 луѓе, сите ќе умрат таму: Како изгледа животот во најголемиот затвор во светот?
- Детали
- петок, 22 мај 2026
„Сите оброци ги јадат во келиите, каде што минуваат по 23 часа дневно. Излегуваат на отворено само 30 минути дневно, за да вежбаат. Само седат на нивните кревети, по цел ден и цела ноќ. Светлата во затворот постојано се вклучени, 24/7. Сите овие луѓе ќе умрат во овој затвор. Тие се како живи мртовци“, вели познат презентер за затворот во Ел Салвадор кој има капацитет за 40.000 затвореници.

Најголемиот затвор во светот има капацитет за 40.000 затвореници и се наоѓа во Ел Салвадор.
Познат како CECOT (кратенка до Cetro de Confinamiento del Terrorismo), затворот има максимално обезбедување и овде се затворени некои од најлошите криминалци во земјата.
Работи од 2023 година и овде целта не е рехабилитација на затворениците, што значи оние кои биле донесени во затворот, ќе бидат таму до крајот на нивните животи.
Иако работи релативно краток период, во затворот веќе има над 14.000 затвореници, од кои дел се и депортирани од други земји,
Но, затворот се соочува и со критики за нехумани услови и малтретирање на затворениците.
Ретко кој има можност да го посети овој затвор, но британскиот ТВ презентер Ричард Мадели ја имал оваа чест.
Со снимки и фотографии, презентерот одлично ја доловува морничавата атмосфера во затворот.
„Ништо, апсолутно ништо не може да ве подготви за глетката од 3.000 мажи со избричени глави, напикани во огромни ќелии. Нема ни врати ни прегради.
Седат на метални кревети без душеци, само со тенки памучни чаршафи и гледаат кон тебе. Застрашувачка глетка“, вели презентерот.
Тој додава дека затворениците не можат да прават апсолутно ништо бидејќи не им се дозволени книги, весници, уште помалку телевизори.
Немаат никакви активности, а забранети се и посети.
„Сите оброци ги јадат во келиите, каде што минуваат по 23 часа дневно. Излегуваат на отворено само 30 минути дневно, за да вежбаат.
Само седат на нивните кревети, по цел ден и цела ноќ. Светлата во затворот постојано се вклучени, 24/7. Сите овие луѓе ќе умрат во овој затвор. Тие се како живи мртовци“.
За да сфати зошто овие криминалци се чувани во вакви услови, презентерот вели дека на почеток му покажале видео од неколку гангстери кои се затворени во затворот.
Видеото било вознемирувачко - гангстерите извршиле масакр со мачети, ги снимиле убиените лица, а потоа го објавиле видеото онлајн.
„Моето мислење за затворот дефинитивно се промени поради мојот престој во Ел Салвадор и тоа што го научив за затворените гангстери и што им правеле на луѓето.
Овие криминалци без сомнение се садисти, психопати, убијци и силувачи“.
Затворот е отворен поради зголемената активност на бандите кои правеле пустош низ Ел Салвадор.