Минуваат 23 часа во ќелија со 60 луѓе, сите ќе умрат таму: Како изгледа животот во најголемиот затвор во светот?
Сега дури 80% од бандите што ги контролирале улиците се или во затворот, или успеале да побегнат во Мексико и Венецуела.
„Додека шетав низ Ел Салвадор, не сретнав ниту една личност која не е среќна што овие криминалци сега се зад решетки.
Иако денес не е опасно како пред неколку години, сепак треба да внимавате додека се движите низ улиците.
Ѕидови на кои има дупки од куршуми каде што се правеле масовни егзекуции се потсетник да бидете внимателни“, раскажува презентерот.
Затворот го сочинуваат осум згради, а во секоја ќелија има помеѓу 65 и 70 затвореници.
Нема апсолутно никакви прогрми со кои ги подготвува затворениците за животот на слобода бидејќи сите имаат доживотни казни.
Во затворот има трпезарија, теретана и соба за хобија, но овие простории се за чуварите. Како што веќе спомнавме, затворениците целиот ден го минуваат во своите келии.
Сите затвореници носат бела облека и имаат избричени глави.
Повеќе фотографии од затворот:
Спирова С. | Црнобело