Направи OnlyFans венчавка, предизвика сообраќајка за кликови: Кој е „најлошиот човек на интернетот“?
- Детали
- недела, 31 мај 2026
Иако има само 22 години, контроверзиите на јутјуберот Џек Доерти се многубројни. Неговата венчавка во Лас Вегас ја емитуваше на OnlyFans и ја понижи партнерката пред милиони гледачи. Се снима додека им краде храна на луѓе по ресторани, но и како се турка во минувачи за да ги испровоцира.
Џек Доерти е меѓу најпознатите јутјубери и инфлуенсери во светот – на Инстаграм го следат 2,7 милиони корисници, на ТикТок има 10 милиони следбеници, а најпопуларен е на Јутјуб каде што има дури 15 милиони следбеници.
Но, во голема мера, популарноста на 22-годишниот Џек се должи на неговото контроверзно однесување.
Сепак, иако некои го опишуваат како „разгален“, „неподнослив“, па и „одвратен“, Џек тврди дека успеал да заработи над 40 милиони долари со креирање содржини.
Некои веруваат дека можеби лаже за вистинската сума, но факт е дека Џек е милионер.
Како Џек ги заработи милионите и зошто е нарекуван „најлошиот човек на интернетот“?
Џек е роден во Њујорк, во 2003 година, а својот Јутјуб канал го направил кратко пред 13-тиот роденден.
На првото негово видео, тој фрла пенкало во воздух кое „слетува“ исправено на масата.
На почетокот од 2017 година, тој сподели слично видео на кое фрла разни предмети, како моливи, батерии и шишиња со вода, кои „слетуваат“ исправено.
И, ова видео го направи ѕвезда преку ноќ.
За пократко од една година тој имаше над еден милион следбеници на Јутјуб, а за да го задржи нивното внимание почна да снима сè поконтроверзни содржини.
Во некои видеа, тој намерно се турка со луѓе на улица и им ги снима реакциите. Со себе има и обезбедување, па ако некој се разгневи, Џек веднаш го вика својот телохранител и создава непријатна ситуација.
Има објавено видео во кое во ресторан за брза храна оди по масите и им ја зема храната на другите луѓе.
На други видеа влегува во супермаркет и почнува да пее гласно, сè додека обезбедувањето не го избрка надвор.
Очигледно, неговата тактика функционира бидејќи видеата на Џек имаат повеќе од шест милијарди прегледи.
Некогаш, Џек снима и опасни видеа. Минатата година, за време на пренос во живо тој направи сообраќајка со неговиот автомобил.
На видеото, Џек вози додека гледа во својот телефон пред да удри во банкина.
Камерманот кој бил со него во автомобил се здобил со повреда на главата, но Џек сепак го тера да продолжи со снимање.
Ни неговиот љубов не е нешто помалку контроверзен.
Во 2024 година, Џек беше во врска со OnlyFans модел и сподели дека ќе се венчаат.
