Направи OnlyFans венчавка, предизвика сообраќајка за кликови: Кој е „најлошиот човек на интернетот“?
Тие навистина направија венчавка во Лас Вегас што ја емитуваа на OnlyFans.
На преносот, Џек сподели детали од предбрачниот договор и стана јасно дека целта му е да направи невкусна шега на сметка на девојката.
„Мојата нова невеста нема да добие апсолутно ништо ако се разведеме, дури и ако ја изневерам.
Ако таа ме изневери, тогаш автоматски ќе ми должи 10 милиони долари. Исто така, јас ќе ја земам целата нејзина заработка од OnlyFans“, вели тој.
И, ова не беше најконтроверзниот момент од видеото.
Тој сподели дека сопругата ќе му биде како слугинка и дека дури и да се разведат, ќе биде обврзана да готви и да чисти за него.
Џек и моделот се разделија лесно бидејќи бракот не бил валиден, но подоцна таа сподели дека воопшто не знаела за предбрачниот договор на јутјуберот.
Вели дека се чувствувала засрамено и понижено, како и дека се кае за одлуката.
Овој период се шпекулираше и дека Џек бил тој која ја натерал да објавува порнографска содржина на OnlyFans.
Девојката пак, откри дека останала и бремена од него, но сфатила дека тој сака да ја контролира:
„Не му беше важно што ќе имаме дете, туку сакаше да ме контролира. Кога останав бремена ми рече дека сум заробена. Дека никој нема да ме сака штом см бремена со неговото дете“.
На крај, таа абортирала и му раскинала.
Еден од поновите скандали на јутјуберот е од пред неколку месеци, кога Џек беше уапсен за поседување дрога.
Според американските медиуми, тогаш на јутјуберот му се закануваше казна затвор во траење и до седум години.
Сепак, на крај беше ослободен од обвиненијата.
Апсењето на јутјуберот ги натера и неговите родители да се огласат. Тие изјавија дека син им претерува со контроверзните содржини и дека веќе биле сериозно загрижени за него.
Спирова С. | Црнобело
