Скандалозниот син на норвешката принцеза ќе оди во затвор за силување, таа чека донор за трансплантација на бели дробови
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2026
Додека се соочува со влошено здравје и чека донор за трансплантација, норвешката принцеза Мете-Марит има и друг проблем – нејзиниот проблематичен вонбрачен син ќе оди во затвор за силување, но и уште неколку прекршоци, како поседување дрога.

Вонбрачниот син на норвешката принцеза Мете-Марит ќе помине четири години зад решетки, откако беше осуден за силување.
Мариус Борг Хојби, кој одамна важи за контроверзна личност, беше изведен на суд за неколку обвиненија, како силување, насилство и користење дрога.
Судот во Осло го прогласи за виновен за напад на неговата поранешна девојка, за неколку сообраќајни прекрошоци, како и за два случаи со силување.
29-годишниот Мариус одговараше за силувањето на дури четири жени во периодот од 2018 до 2024 година. Жртвите ги силувал додека спиеле или биле во состојба кога не можеле да се одбранат.
Скандалите и контроверзиите не се ништо ново за синот на норвешката принцеза, кој стана славен на само четиригодишна возраст.
Иако самиот нема никаква кралска титула, откако неговата мајка стапи во брак со принцот Хокон во 2001-ва, Мариус честопати е поврзуван со норвешкото кралско семејство.
Одамна се соочувал со проблеми со законот, а изминативе неколку години, неговата зависност од дрога се влошила.
На судењето, кое траеше околу шест недели, против него беа изнесени бројни обвиненија, а како докази биле презентирани над 800 пораки и видеоматеријали, од кои дел ги снимал самиот.
Синот на Мете-Марит негирал вина за посериозните обвиненија, но признал дека е виновен за помали кривични дела.