„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чувствувам жива“
- Детали
- недела, 21 јуни 2026
Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својот живот. Па, се развела од сопругот, дала отказ и се преселила во Италија, а почнала и да патува низ светот.

По 30 години брак и четири деца, Синди Шинан од САД решила да го напушти својот стар живот, да ги остави сопругот и децата и да се пресели на другиот крај од светот.
Додека многумина ја критикуваат нејзината одлука да ги остави децата и сопругот по толку долго време, Синди вели дека никогаш не се чувствувала поживо и воопшто не жали.
Кога Синди сфатила дека не е среќна со нејзиниот сопруг, решила да побара развод и да тргне на тримесечно патување.
Посетила шест држави, но кога завршило патувањето, сфатила дека не може да му се врати на стариот живот.
Бидејќи нејзините деца веќе имале 20 и повеќе години, решила да го финализира разводот, да даде отказ и да се пресели на другиот крај од светот.
„Конечно се почувствував слободна. Успеав да се пронајдам себеси и да бидам своја. Не пијам никакви лекови и никогаш не сум била поздрава.
Уживам во времето што го минувам насамо, но многу ми недостасуваат децата. И внуците, но морав да се оттргнам од тој живот“.