„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чувствувам жива“
64-годишната Синди вели дека нејзиниот стар живот вклучувал само неуморно работење и грижа за децата, а притоа пробувала да биде и што е можно подобра сопруга.
Иако вели дека не била несреќна, сфатила дека ѝ треба промена кога најмалото дете завршило средно.
„Тогаш конечно можев да здивнам и сфатив дека е време за промена. Бев уморна, разочарана и фрустрирана. Не можев да си замислам уште 30 години со сопругот. Не го сакав.
Тој беше добар партнер, но не бевме тим. Јас сакав да го истражам светот, а него му беше удобно дома. Па, сфатив дека сега е совршен период за следното поглавје, без него.
Неколку наши пријатели беа дијагностицирани со рак и починаа во раните 50-ти. Па, ми стана јасно дека и јас некогаш ќе умрам и дека можеби не ми остануваат многу денови за уживање“.
Па, во 2016 година Синди направила пауза од работа и ги посетила Италија, Ирска, Грција, Португалија, Шпанија и Мароко.
Кога се вратила, дала отказ, ги продала сите работи што ги поседува и само со ранец тргнала на пат околу светот.
Посетила дури 14 земји, како Непал, Кина, Виетнам, Турција и Хрватска, а вели дека вистински се вљубила во Палермо, Италија.
„Никогаш не ни помислував да се преселам таму, но кога дознав дека можам да аплицирам за државјанство, се убедив. Темпото на живот, виното, храната, енергијата, се вљубив.
Другите европски држави ми беа блиску, па можев да продолжам со патувања“.
Синди вели дека веќе шест години патува постојано, а нејзините деца се навикнале на ова. За Божиќ, пак, вели дека секогаш им купува билети за да можат да ја посетат.
Иако повремено ја посетува и Америка, вели дека никогаш нема да се врати таму.
„Кога одам во САД, минуваме време со семејството. Мислам дека нема да биде исто ако се преселам таму.
Сакам да ги советувам сите да го направат првиот чекор. Ако не успеете, барем ќе знаете дека сте се обиделе.
Ова е мојот еден скапоцен живот и го живеам што е можно пошироко“, вели Синди.
Спирова С. | Црнобело