„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка“
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 килограми. Но, за само шест недели, големината му се дуплирала, а до 6-тиот месец тежело тури 14 килограми.

Во просек, кога се раѓаат, бебињата имаат околу 3,2 килограми. Нивната тежина зависи и од тоа дали се родиле предвремено – во тој случај очекувано е да бидат помали.
Потоа, во првите 5-6 месеци од животот, нивната тежина се зголемува за 140-200 грама неделно. Секако, овој број може да варира, но просекот е тој.
Кога Џесика Хај го родила своето четврто дете, тоа имало 3,2 килограми, како и секое просечно бебе.
Но, на нејзино огромно изненадување, за само шест недели неговата големина се дуплирала и бебето тежело 6 килограми.
Додека да наполни шест месеци, бебето тежело дури 14 килограми.
Синчето на Џесика, Аксел, уште нема наполнето една година, но таа вели дека носи облека за петгодишни деца.
34-годишната мајка вели дека поради големината, за секоја обврска околу бебето потребна ѝ е помош од некој.
Додава и дека поради неговиот брз раст, трошоците им се многу поголеми.
„Луѓето ме прашуваат како го носам во раце – им одговарам со надеж и молитва. Го ограничив купувањето облека за него на пет парчиња – маички, боди и пар панталони.
Претходно купував многу облека, но ја надраснуваше уште пред да стигнам да ги извадам етикетите. Беше толку голем, што не можев ни да го нишам во лулката.
На крај купиме рачно направена лулка која е голема скоро колку креветче. За неколку недели, веќе нема да го собира ни во количката“, открива мајка му за The Sun.
Вистински предизвик им било и купувањето чевли, бидејќи сите бебешки модели биле претесни за него.
Џесика додава дека со партнерот се загрижени и како ќе најдат автомобилско седиште за синчето.