„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка“
Бидејќи Аксел е многу голем, ни неговиот дедо не можел да го изнесе на прошетка.
„Потребни се двајца луѓе за сè. Не дека ни недостасуваат пари, но за само осум месеци, требаше да купиме сè што му треба на бебе, а потоа и на тодлер.
Лудо е бидејќи сè што купивме за него, веќе ни е бескорисно“, споделува Џесика.
Џесика и сопругот Џејд имаат уште три деца на возраст од 17, 12 и 5 години. Постарите деца не растеле толку брзо, па со најмалото синче секој ден учат нешто ново.
Кога шетаат со Аксел, Џесика и партнерот привлекувале внимание, а таа вели дека реакциите на луѓето се различни.
„Не можеме на брзина да отидеме некаде бидејќи постојано нè застануваат луѓе. Во продавницата за бебешка облека на шега ме прашуваат дали пак сум се вратила, бидејќи ја посетувам секоја втора недела.
Слушам и гласини дека бил преголем, а на интернет коментираат дека сум му давала премногу храна. Некои луѓе мислат дека намерно го здебелувам, кога во реалноста здравјето на син ми е одлично“.
Точно е дека на Аксел му треба повеќе храна, но Џесика вели дека количината е препорачана од педијатар.
Исто така, редовно го носат на прегледи и Аксел немал никакви проблеми со здравјето, единствено расте многу побрзо од другите деца.
Џесика и партнерот не знаат дали Аксел ќе продолжи да расте со ова темпо, но таа вели дека не им е грижа – најважно им е нивното дете да биде здраво.
„Се молев за здрави бебиња и бев благословена со четири.
Само се надевам дека Аксел ќе порасне во добра и самоуверена личност“.
Спирова С. | Црнобело