Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Оназис ѝ беше дечко
- Детали
- недела, 28 јуни 2026
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мајка ѝ постојано ја споредувала со неа. Беше во брак со полски принц кој ја остави со огромни долгови, а Аристотел Оназис ѝ беше дечко и се шпекулира дека ја искористил само за да стигне до сестра ѝ Џеки.

Покрај Меланија, Џеки Кенеди е несомнено најпознатата прва дама на САД.
Преку ноќ стана миленичка на јавноста откако нејзиниот сопруг беше избран за претседател, а факт е дека за неа се зборува и денес, повеќе од 30 години по нејзината смрт.
Но, дали знаевте дека Џеки имала и сестра, Керолин Бувие, која можеби живеела во раскош, но целиот живот го поминала во нејзина сенка?
Керолин, попозната како Ли, а подоцна и Ли Радзивил, била четири години помлада од Џеки, а целиот живот била споредувана со неа, дури и од нивната мајка.
На пример, во тинејџерските години, имала проблем со вишок килограми, а нејзината мајка ѝ велела дека требало да се огледа на сестра ѝ Џеки која отсекогаш била слаба.
Додека Џон Ф. Кенеди беше претседател, Ли честопати одела во Белата куќа и покрај сестра ѝ имала можност да се запознае со некои од највлијателните луѓе во светот.
Сепак, секојпат била во позадина, засенета од сестра ѝ.
Се шпекулира дека овој период Ли била во врска со познат руски балетан.
Иако самата Ли има изјавено дека тој бил геј, според некои извори, таа дури и забременила од него, но решила да направи абортус.
Сакајќи да изгради име за себе, настрана од сестра ѝ, Ли почнала самостојно да се дружи со елитата во САД, а стапила и во брак со медиумски могул Мајкл Темпл Канфилд.
Иако Ли се преправала дека сè е совршено, во реалноста, нивниот брак бил далеку од среќен во голема мера поради проблемите со алкохол на Мајкл.
Па, Ли почнала афера со полскиот принц Станислав Радзивил и по некое време, со помош од сестра ѝ, го поништила бракот со Мајкл.
Ли и принцот се венчале во 1959 година и добиле две деца.
Овој период животот на Ли бил значително подобар – со принцот живеле во Лондон каде што се дружеле со британската аристократија, а самата Ли успеала да го стекне статусот на икона.