Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Оназис ѝ беше дечко

Сепак, Ли била амбициозна и не сакала да биде само домаќинка која троши пари, па решила да ѝ даде шанса на глумата.

Добила улога во театарска претстава, а потоа и филм, но по многуте лоши критики, желбата за актерка кариера исчезнала.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-11.JPG

Имено, Ли била уверена дека ја исмејуваат само затоа што е сестра на Џеки Кенеди и затоа што потекнува од богато семејство.

Со ова започнал уште еден тежок период од животот на Ли, а почнал да се распаѓа и нејзиниот брак.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-03.JPG

Набрзо потоа Ли почнала да се дружи со Аристотел Оназис – богаташот кој подоцна ќе ѝ стане втор сопруг на Џеки.

Се шпекулира дека Ли и Оназис биле во врска.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-09.JPG

Кога, пак, Џеки ја почна врската со него, се шпекулираше дека тој само ја искористил Ли за да ѝ се доближи на сестра ѝ.

Ли уште била во брак со принцот Станислав кога тој починал. И, на големо и непријатно изненадување на Ли, зад себе оставил огромни долгови.

Станало јасно дека луксузот во којшто уживале во Лондон всушност бил покриван со кредити.

Па, принцот ја оставил Ли со долг од дури 30 милиони долари, по што таа била принудена да го продаде она што го има, но и да побара помош од сестра ѝ.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-12.JPG

Поради тешката ситуација, Ли почнала да користи многу дрога и алкохол, но кон средината на 1980-тие, успеала да се стабилизира.

Се обидела да најде и работа – најпрво снимала емисија, но таа била откажана по првата епизода. Безуспешно си ја пробала среќата и како дизајнерка на ентериер.

Додека пробувала да се врати на нозе, Ли го запознала режисерот Херберт Рос.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-04.JPG

Сепак, сестра ѝ Џеки ѝ забранила да се гледа со него бидејќи јавно се декларирал како бисексуалец.

Најверојатно со желба да ѝ се спротивстави, Ли се венчала со него.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-02.JPG

По некое време животот на Ли повторно почнал да се подобрува и успеала да се вработи во Armani, но овој период, во 1994-та, починала сестра ѝ Џеки.

Со ова дошло уште едно разочарување за Ли – сестра ѝ не ѝ оставила ни цент од своето богатство.

tazhniot-zhivot-na-sestrata-na-dzheki-kenedi-soprugot-i-ostavi-dolg-od-60-milioni-dolari-aristotel-onazis-i-beshe-dechko-13.JPG

Нејзиниот трет сопруг почина во 2001 година, а оттогаш Ли не стапила во брак.

Последните години од животот ги помина во Париз и Њујорк, а почина во 2019 година.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава