Трикатна зграда во близина на Валенсија се сруши како кула од карти - Дали ваква опасност демне насекаде? (видео)

Се гради неплански, се гради неквалитетно и тоа има последици, за среќа овојпат без човечки жртви. Дали ваква опасност демне и во Скопје и низ низа други градови во светот? Безбедни ли сме во нашите домови? Како сте задоволни од новите градби?

trikatna-zgrada-vo-blizina-na-valensija-se-srushi-kako-kula-od-karti-dali-vakva-opasnost-demne-i-vo-skopje-video-01.jpg

Трикатна зграда на улицата „Лас Америкас“ во Бенетусер, во близина на Валенсија, се урнала, без да има повредени, соопштија пожарникарите на Валенсија. Покрај нив на самото место пристигнала и полицијата.

Бенетусер е општина во покраината Валенсија, во источна Шпанија. Се наоѓа на околу 6 километри јужно од центарот на градот Валенсија.

trikatna-zgrada-vo-blizina-na-valensija-se-srushi-kako-kula-od-karti-dali-vakva-opasnost-demne-i-vo-skopje-video-06.jpg

Жителите претходно биле евакуирани од зградата откако биле забележани пукнатини и се слушале необични звуци од објектот, кој се наоѓал покрај празна парцела, соопштија пожарникарите преку својот профил на Твитер.

Од претпазливост, бил евакуиран и уште еден соседен објект, чија состојба морале да ја проценат општинските технички служби.

trikatna-zgrada-vo-blizina-na-valensija-se-srushi-kako-kula-od-karti-dali-vakva-opasnost-demne-i-vo-skopje-video-02.jpg

На местото на настанот пристигнале и градоначалничката на Бенетусер.

Една од главните насоки на истрагата е дали градежните работи на соседната парцела можеле да придонесат за нарушување на стабилноста на објектот. Некои жители тврдат дека ископувањата покрај зградата можеби го предизвикале уривањето, но властите сѐ уште не ја потврдиле оваа верзија.

trikatna-zgrada-vo-blizina-na-valensija-se-srushi-kako-kula-od-karti-dali-vakva-opasnost-demne-i-vo-skopje-video-03.jpg

Властите објавија дека внимателно ја следат ситуацијата.

Дали непланското и неквалитетно градење е прашање на време кога ќе има вакви последици и на други места низ светот?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД За пречекот на кралскиот пар, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта ...
Жена го лажела дечко ѝ дека има рак за да ѝ дава пари – ги трошела на патувања и пластични операции Во период од пет години, жена од Англија го лажела нејзиниот партнер дека има не...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...

Најчитани неделава