Тој е лекар, а 22 години се претвора во бездомник (видео)

Во Питсбург го нарекуваат „уличен доктор“. Неговата амбуланта е неговиот велосипед, а болните ги лекува онаму каде што живеат.

toj-e-lekar-a-22-godini-se-pretvora-vo-bezdomik-video-1

Веќе 22 години доктор Џим Витерс поминува под мостови и напуштени згради, облечен како бездомник и бесплатно ги лекува луѓето без дом кои преживуваат на улиците низ градот.

Но, сега, неговата благородна работа прерасна во национална мрежа од студенти на медицина и волонтери кои им помагаат на бездомниците, пет дена во неделата.

„Прво нешто што ми падна на памет е бројот на луѓе кои живеат во нечовечки услови, под мостови и останати зафрлени места. Кога почнав да ги лечам сфатив колкав број од нив живеат со повреди и болести за кои никој не се грижи. Некои од нив имаат рак исто како и многу други луѓе“. – раскажува Витерс.

Неговата мисија започнала во 1992 година додека работел во болницата како специјалист. Со оглед на неговата силна волја да им помогне на сиромашните и бездомниците во Пенсилванија, му недостигало уште „уличното“ знаење за да им пријде.

По долга потрага, се здружил со поранешниот бездомник Мајк Саловс кој му помогнал да добие доверба од повеќето бездомници на улиците.

„Не се облекувај како доктор и не глуми кретен“ – беше првиот совет кој ми го даде Саловс, раскажуа Витерс.

Со помош на сопругата Гајатри, со која се оженил во 1984 година, Витерс проценил дека од 1992 година до денес има лекувано околу 26.000 луѓе.

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава