Зошто се откажуваат од студии

zoshto-se-otkazuvaat-od-fakultet-povekjeИстражувачи од Гранада направиле статистички модел кој пресметува колкава е веројатноста дека студентот ќе се откаже од факултетот. Целта на...

 

...истражувањето е да се реши проблемот зошто 30-50% од студентите во Шпанија во некој момент се отпишуваат од студиите.

Моделот анализира база на податоци за студентите од 1992 година со денес и при тоа користи модел на логистичка регресија кој овозможува да се прерачуна веројатноста за откажување од студирањето.

Анализирани се повеќе од 10.000 студенти на информатичка технологија, околу 25.000 студенти на економија и 40.000 студенти од подрачјето на филозофија и уметност.

Така, откажувањето кај информатичарите и економистите е околу 40%, а кај студентите по филозофија и уметност е повеќе од 60%.

zoshto-se-otkazuvaat-od-fakultet

Резултатите покажале дека најчесто се откажуваат оние кои на приемниот испит имале низок број на бодови како и оние кои запишале факултет на 25 или повеќе години.

Од трите анализирани подрачја, на подрачјето од филозофија и уметност се запишуваат “најстарите“ студенти, во просев со околу 25 години (14.4%) и со најлоши резултати на приемниот испит, додека во другите две подрачја постари од 25 години се само 10%.

Влијанието на семејството се покажал како уште еден значаен фактор во откажувањето на студентите кои не можеле да се справат со притисокот од страната на родителите.

Од 23 проучувани варијабли, успешноста и просекот на оценките се најмногу поврзани со откажувањето. Колку пониски оценки - толку поголема веројатност дека студентот ќе се откаже од факултетот.

Би можело да ве интересира:

Трагичната приказна за близначките Кејтлин и Хедер од САД: „Сестра ми ја најдоа заклучена во кутија ... „Мојата сестра близначка Кејтлин немаше активност на социјалните мрежи повеќе од...
Детали за пукањето во Вашингтон, на настан на кој присуствуваа Доналд и Меланија Трамп (фото+видео) „Седевме еден до друг, Меланија десно од мене и слушнав врева. Слушнав врева и п...
Со педофилот Џефри Епстин силувал малолетнички, го избркаа од семејството: Пропаста на братот на кра... Во потресни мемоари издадени постхумно, една од многуте жртви на Џефри Епстин де...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...

Најчитани неделава