Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистински наследник на тронот
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот син Џорџ кој е веќе речиси висок колку неа, облечен во одело и покрај топлото време, според кодексот за елитните седишта на Вимблдон, а со нив беа и принцот Вилијам и ќерката Шарлот.

На финалето на Вимблдон викендов, принцот Вилијам и принцезата Кетрин присуствуваа заедно со нивните постари деца, Џорџ (12) и Шарлот (11).
Додека пристигнуваа кон стадионот, Кејт беше забележана во елегантен зелен фустан, а покрај неа чекореше принцот Џорџ, веќе пораснато момче, висок речиси колку мама.

Тој беше облечен во одело и кравата, а иако многумина беа збунети зошто има таков аутфит среде лето, сепак е според дрес-кодот на елитните седишта каде што беа сместени.
Принцот Џорџ се ладеше со рачен вентилатор, доследен на својата кралска должност, да го почитува кодексот на облекување, иако правилото малку беше прекршено со оглед на тоа што на деца не им е дозволено да седат во оваа ложа, до чии седишта се доаѓа само со покана.

Со нив беа и принцот Вилијам со ќерката Шарлот, кои прегрнати чекореа, а принцезата беше облечена во миди син фустан со балетанки.


Повеќе фотки од кралското семејство, меѓу кои има тројца наследници на тронот:







М. М. | Црнобело