Почина „заспаниот принц“ од Саудиска Арабија: Помина 20 години во кома, по сообраќајка

По две децении во кома, 36-годишниот Ал-Валид од Саудиска Арабија, попознат како „заспаниот принц“, почина во болница во Ријад. Тажните вести ги сподели неговиот татко, кој 20 години не губеше надеж дека син му ќе се разбуди.

pochina-zaspaniot-princ-od-saudiska-arabija-pomina-20-godini-vo-koma-po-soobrakjajka-01.jpg

Ал-Валид бин Калед бин Талал од Саудиска Арабија, попознат како „заспаниот принц“ помина две децении во кома по сообраќајка во Лондон.

Сега неговото семејство откри дека 36-годишниот принц починал вчера, 19-ти јули.

pochina-zaspaniot-princ-od-saudiska-arabija-pomina-20-godini-vo-koma-po-soobrakjajka-05.jpg

Тажната вест ја сподели неговиот татко, принцот Калед бин Талал Ал Сауд, со емотивна објава на Твитер.

„Со срца исполнети со вера во божјата волја и судбина и со длабока тага и жалост, го оплакуваме нашиот сакан син, принцот Ал-Валид. Нека Алах му се смилува. Денес тој почина“.

pochina-zaspaniot-princ-od-saudiska-arabija-pomina-20-godini-vo-koma-po-soobrakjajka-03.jpg

Принц Ал-Валид бил запишан на колеџ во Лондон кога ја доживеал сообраќајната несреќа. Тогаш имал само 15 години.

По сообраќајката, принцот бил пренесен во болница во Ријад, каде што помина 20 години во кома.

pochina-zaspaniot-princ-od-saudiska-arabija-pomina-20-godini-vo-koma-po-soobrakjajka-04.jpg

Иако лекарите прогнозирале дека има минимални шанси да се разбуди, неговиот татко не губеше надеж дека состојбата на принцот ќе се подобри.

Во двете децении, принцот не покажа никакви знаци на свесност, освен во 2020 година, кога малку ги придвижи прстите на едната дланка.

Сепак, не се разбуди ни тогаш.

pochina-zaspaniot-princ-od-saudiska-arabija-pomina-20-godini-vo-koma-po-soobrakjajka-06.jpg

Во април годинава, принцот наполни 36 години, а откако се случи несреќата, неговиот татко постојано е покрај него и многупати има споделувано фотографии од него во болница.

Прочитајте и: Наполни 36 години, 2 децении е во кома: Кој е „заспаниот принц“ од Саудиска Арабија?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg