Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал државни тајни
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на неговата службена положба. Многу од жртвите на Епстин го обвинуваат за силување, но денешното апсење е бидејќи принцот наводно му оддавал службени тајни на педофилот.

Принцот Ендру, братот на кралот Чарлс, денес беше уапсен и е во притвор, откако полицијата направила претрес во неговиот дом.
Ендру е една од личностите што најмногу се поврзуваат со Џефри Епстин, а надлежните споделија дека е уапсен поради сомнеж за злоупотреба на неговата службена положба.
Иронично, денес принцот го слави 66-тиот роденден.
Ендру бил приведен од куќата во Сандригем, каде што живее од неодамна, откако кралот Чарлс го избрка од кралскиот имот во Виндзор.
Дел од жртвите на Епстин тврдат дека биле напаѓани и од Ендру, но засега тој е во притвор за друго кривично дело.
Надлежните се сомневаат дека Ендру споделувал доверливи информации со Епстин, а ова наводно е потврдено со документите кои беа објавени во врска со целиот случај.
Како што споделуваат британските медиуми, целата операција почнала околу 8 часот наутро, кога пред куќата на Ендру пристигнале шест необележани полициски возила.
Полицијата направила претрес во куќата во којашто живеел Ендру, како и во неговиот претходен дом во Виндзор.
Прочитајте и: Со педофилот Џефри Епстин силувал малолетнички, го избркаа од семејството: Пропаста на братот на кралот Чарлс
Покрај давањето службени тајни, има шпекулации дека Ендру исто така имал однесено жена во Бакингемската палата, која била една од жртвите на Епстин.
Засега нема официјално соопштение од кралот Чарлс, но тој наводно ѝ дава целосна поддршка на полицијата.
Надлежните не откриваат други информации, а непознато е и каде точно се наоѓа Ендру.
Уште откако јавноста дозна за случајот со Епстин, Ендру негира каква било поврзаност.
Тој дури даде и интервју на BBC за да си ја спаси репутацијата, но голем дел од јавноста го гледаше само како уште еден доказ за неговата поврзаност со педофилот.
Кога почнаа да се објавуваат и фотографии од Епстин и Ендру, кралот Чарлс му ги одзеде титулите, но и го избрка од кралскиот имот во Виндзор.
Прочитајте и: Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета изгуби сè?
Спирова С. | Црнобело
