Супермаркет на 4.000 километри, 4 месеци ноќ: Како изгледа животот на Антарктикот на -80 °C?
- Детали
- четврток, 18 октомври 2018
Дури и во лето температурите никогаш не надминуваат -30 °C. Во зима станицата е комплетно изолирана од остатокот од светот и сте препуштени сами на себе.
Антарктикот го викаат уште и „Бел Марс“ поради суровите услови за живот. Во 2005 таму беше изградена научно-истражувачката база Concordia.
Луѓето што живеат таму се соочуваат со изолираност, екстремно ниски температури и недостиг на светлина и кислород.
Во склоп на оваа база работат максимум 60 луѓе едновремено, има кино, болница, лаборатории, дневна соба и спални, но животот во тие 9 до 12 месеци престој таму им е далеку од нормален.
Како се живее таму:
Просечната температура на Антарктикот е -50 °C, а минималната -80 °C
Дури и во лето температурите никогаш не надминуваат -30 °C. Повеќето бактерии не можат да преживеат таму.
Concordia се наоѓа на 3.300 метри надморска височина и има малку кислород во воздухот. Воздухот е совршено чист и без мирис, па кога луѓето што престојуваат таму се враќаат дома доживуваат шок од изобилството на мириси.
4 месеци годишно луѓето живеат во темнина
Таму нема традиционално ден и ноќ, па затоа луѓето имаат потешкотии да го одржат ритамот на јадење и спиење.
По 4 темни месеци, првите сончеви зраци се причина за прослава кога сите ги напуштаат работните места и излегуваат да го видат првото изгрејсонце по 4 месеци.
Најблискиот супермаркет е на 4.000 километри
За да добиете некои продукти потребни се најмалку 10 до 12 дена достава со специјални возила за на снег или пак со мали авиони дизајнирани да функционираат на ниски температури.
Во зима станицата е комплетно изолирана од остатокот од светот
Ако се случи нешто неочекувано луѓето што живеат таму се препуштени сами на себе и затоа имаат добрo опремена болница и резерви на храна.
Во текот на зимата само околу 15 луѓе престојуваат таму, а готвачот треба да знае да биде и пожарникар едновремено.
Живеењето на Антарктикот на некој начин е подготовка за престој на Марс
Психолошкиот аспект како луѓето реагираат во изолација и екстремни услови и тешкотиите со кои се соочуваат како депресија и изместен биоритам се совршен терен за испитување на тоа како луѓето би реагирале при престој на Марс.
Повеќе од 20 паралелни истражувања се вршат на различни аспекти.
Во Concordia забрането е уринирање во тушот
Водата во Concordia е направена од снег, а за да се стопи снегот потребно е многу гориво, па водата се чува откако ќе биде искористена во тушевите. Се прочистува и се користи одново.
Забрането е да уринирате додека се туширате затоа што системот не може да се справи со амонијакот. Ако забележат поголема концентрација амонијак во водата ќе ве предупредат следниот пат да не го правите тоа.
Прочитајте и Како изгледа готвењето на Антарктикот на -70°C? (фото)
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





