Детали за врската на српската премиерка Ана Брнабиќ и партнерката со која доби син (фото)

Русокосата убава докторка и премиерката на Србија се во врска околу 10 години, а дури и BBC се огласи по повод раѓањето на нивниот син.

detali-za-vrskata-na-srpskata-premierka-ana-brnabikj-i-partnerkata-so-koja-dobi-sin-foto-01.jpg

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ (43) и нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ станаа родители. Милица роди здраво момче, кое го доби името Игор. Породувањето минало во најдобар ред.

Сите светски медиуми ја пренесоа веста за првата жена премиер во Србија, но и првата хомосексуална личност во историјата на Србија која е на местото премиер. Потсетуваат дека ова е навистина неочекувано во земја во која правата на припадниците на хомосексуалната заедница на се признаени, ниту пак истополовите бракови.

detali-za-vrskata-na-srpskata-premierka-ana-brnabikj-i-partnerkata-so-koja-dobi-sin-foto-02.jpg

Странските медиуми додаваат дека Србија ги нема признаено истополовите бракови, но дека можно е наскоро да ги озаконат како чекор за приближување кон членство во Европската Унија.

BBC го оцени српското општество како конзервативно и потсети дека на истополoвите парови им е забрането посвојување, додека на самците тоа им е дозволено без разлика на сексуалната ориентација.

На својот Твитер профил српската премиерка само напиша дека ја одложува нејзината посета на Брисел, а причината веќе е јасна, па многумина ѝ упатија честитки на објавата.

Брбнариќ е многу мистериозна околу нејзиниот приватен живот, а јавноста за нејзината врска со Милица дозна есента 2017 година, додека за бременоста на Милица пред само неколку седмици. Гласините се дека тие се заедно веќе 10 години, откако наводно се запознале преку заеднички пријател.

Милица е докторка во радиолошкото одделение на Клиничкиот центар Србија, а со својата убавина русокосата ја освои јавноста.

Инаку, Ана и Милица често присуствуваат заедно на јавни настани како концерти и отворање на изложби.

Фотки од парот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...

Најчитани неделава