Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата
- Детали
- сабота, 09 август 2025
Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири – доби второ дете пред 2 дена, кое доби име што има емотивно значење за нејзината сопруга и семејството.

Рафаел Надал (39) и неговата сопруга Мери Перељо (37) добија второ дете, повторно син.
Иако тие не ја потврдиле веста, светските медиуми пишуваат дека сопругата на тенисерот се породила на 7-ми август 2025, а наводно болницата во Палма де Мајорка ја напуштиле денес, на 9-ти август.

Вториот син го добил името Мигел, а се шпекулира дека е крстен по таткото на Мери, кој починал пред 2 години од тешка болест.

Откако минатата година Надал со тешко срце се збогуваше и пензионираше од професионалниот тенис, сега е целосно посветен на семејството, кое се прошири и стана четиричлено.
Прочитајте и Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните како добар човек од мало село во Мајорка“
Тие го имаат и синот Рафаел Јуниор, кој сега има 2 години и 10 месеци.
Инаку, парот се венча во 2019-та година на Мајорка, по 14-годишна врска, а свадбата ја чуваа во тајност до крај, слично како и бременостите и породувањата.
Медиумите објавија за двете бремености на Мери, но сепак тие се трудеа што помалку да се појавуваат во јавност, го криеше трудничкото стомаче и не споделуваа детали.

М. М. | Црнобело