Лажела дека е богата германска наследничка и доби 12 години затвор

Под лажно име за себе го креирала животот што го посакува со луксузни патувања, СПА третмани и дружба со кремот на Менхетн.

lazhela-deka-e-bogata-germanska-naslednichka-i-dobi-12-godini-zatvor-01.jpg

Ана Делви  со години го мамела светот дека е богата германска наследничка со милиони на сметката.

Сега, таа е осудена на 4 до 12 години затвор за луксузниот живот што го живеела на грб на другите.

По пресудата за медиумите таа изјави: „Не ми е жал“. Судијата токму нејзиниот надмен став во текот на целото судење и некаењето за делото изјави дека ja натерало на построга казна.

lazhela-deka-e-bogata-germanska-naslednichka-i-dobi-12-godini-zatvor-12.jpg

Ана Делви, чие вистинско име е Ана Сорокин и потекнува од Русија, во текот на овие години мамела банки, луѓе, компании, познати личности, хотели за огромни суми.

Таа живеела во високите социјални кругови на Менхетн, велела дека има наследено 60 милиони евра и за себе го креирала животот што си го посакува.  Раскошни вечери, СПА третмани, личен тренер било секојдневието на Ана.

lazhela-deka-e-bogata-germanska-naslednichka-i-dobi-12-godini-zatvor-11.jpg

Во судот неколку пати доаѓала облечена во дизајнерски парчиња, имала ангажирано позната стилистка и сè уште се трудела да ја игра улогата на германска наследничка.

Поранешна нејзина пријателка сведочела против неа на суд за патувањето во Мароко на кој таа била наместена да и плати сè. Низ солзи изјавила дека запознавањето на Ана ѝ е најтрауматското искуство во животот и се кае за тоа. На луксузното патување потрошиле 53.000 евра.

lazhela-deka-e-bogata-germanska-naslednichka-i-dobi-12-godini-zatvor-10.jpg

Многу влијателни луѓе од срам не се осмелиле да сведочат против Ана, иако таа ги измамила и нив.

Во тек се преговори за снимање филм за оваа неверојатна приказна.

lazhela-deka-e-bogata-germanska-naslednichka-i-dobi-12-godini-zatvor-14.jpg

Фотки од судскиот процес на Ана на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg