Еден месец гратис престој во Хрватска ако помогнете за спасување на делфините и желките
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


Еден месец гратис престој во Хрватска ако помогнете за спасување на делфините и желките

Moжете да аплицирате веднаш за оваа работа од соништата. Две седмици на островот Лошињ, а потоа две на пат низ Хрватска.

eden-mesec-gratis-prestoj-vo-hrvatska-ako-pomognete-za-spasuvanje-na-delfinite-i-zhelkite-02.jpg

Ако сте страстни за морскиот свет, ова е совршена можност за вас. Луксузна крузерска компанија Unforgettable Croatia нуди стипендија за една личност која ќе мине еден месец патувајќи низ Хрватска и волонтриајќи за спасување на делфините и желките.

eden-mesec-gratis-prestoj-vo-hrvatska-ako-pomognete-za-spasuvanje-na-delfinite-i-zhelkite-07.jpg

Договорот е направен со една непрофитна организација со научници која работи на зачувување на животната средина.

eden-mesec-gratis-prestoj-vo-hrvatska-ako-pomognete-za-spasuvanje-na-delfinite-i-zhelkite-08.jpg

Волонтирањето е планирано за летото 2020 година, а престојот првите две седмици ќе биде на хрватскиот остров Лошињ. Задачата е да бидете на терен со истражувачките бродови, а потоа да ги анализирате собраните податоци за делфините, морските желки и останатата популација на морето.

eden-mesec-gratis-prestoj-vo-hrvatska-ako-pomognete-za-spasuvanje-na-delfinite-i-zhelkite-05.jpg

Можно е да видите и по 50 делфини дневно, а вторите две седмици ќе патувате низ останатите делови од Хрватска.

eden-mesec-gratis-prestoj-vo-hrvatska-ako-pomognete-za-spasuvanje-na-delfinite-i-zhelkite-06.jpg

Аплицирањето започна од 8-ми јуни 2019 година, а можете да аплицирате ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа градот на Алјаска каде речиси сите живеат во една зграда?... Во зградата се и полициската станица, маркетот, клиниката, црквата и училиштето,...
14 работи кои ќе беа дел од вашиот живот ако бевте родени во Северна К... Ќе си купевте апликација за телефон буквално од продавница, ќе изберевте од пост...
Опасни патишта од кои ќе ви застане здивот ако треба да поминете низ н... Неверојатните пејзажи од природата низ светот претставуваат предизвик за оние ко...