Трогателно сведоштво: „Ја преживеав катастрофата во Чернобил на 3-годишна возраст“

„Дури на 31 година можев слободно да зборувам за Чернобил. И сега колку повеќе зборувам, толку полесно станува. Беше ужасно...“, открива Украинката Скарлет.

trogatelno-svedoshtvo-ja-prezhiveav-katastrofata-vo-chernobil-na-3-godishna-vozrast-01.jpg

Џанина Скарлет денес работи како психолог во Сан Диего, Калифорнија, но некогаш била беспомошно 3-годишно девојче погодено од нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Таа отворено говори за хоророт низ кој минала:

„Не ја допирај, таа е заразна!“

„Дали си радиоактивна?“

„Дали светиш во мрак?“

trogatelno-svedoshtvo-ja-prezhiveav-katastrofata-vo-chernobil-na-3-godishna-vozrast-03.jpg

Кога ќе започнеа да ме задеваат, само ќе се тргнев на страна и плачев. Имав само 12 години, бев нов ученик во училиште во Бруклин, Њујорк.

Тоа беше во 1995 година и бев од Украина, а тоа во тоа време значеше само едно – Чернобил.

Нуклеарната катастрофа се случи на само 290 километри од мојот роден град (Vinnitsia) и само неколку месеци по мојот 3-ти роденден.

Не се сеќавам многу за самиот настан, но се сеќавам на чувството на збунетост во времето на експлозијата што се претвори во загриженост кога конечно дознавме што всушност се случило.

trogatelno-svedoshtvo-ja-prezhiveav-katastrofata-vo-chernobil-na-3-godishna-vozrast-04.jpg

Дури кога другите земји почнаа да сфаќаат што се случило, нашата влада нè извести за ситуацијата и ни предложи третман со јод за да спречиме можни компликации со здравјето поради зрачењето.

Но, до тој миг ние бевме изложени на радијација со недели, едноставно излегувајќи надвор, пиејќи вода и јадејќи свежо овошје – сето тоа беше отровно.

Шест месеци подоцна, луѓето почнаа да се разболуваат. Јас бев една од нив.

Мојот имун систем беше сериозно оштетен и најобична настинка можеше да направи да завршам во болница.

trogatelno-svedoshtvo-ja-prezhiveav-katastrofata-vo-chernobil-na-3-godishna-vozrast-02.jpg

Кога времето се менуваше мене ми крвавеше носот и имав неподносливи мигрени, проследени со напади и постојано одев во болница.

Иако спомените од тој период ми се матни, се сеќавам дека лежев во болница и се прашував дали ќе имам шанса да преживеам и да станам возрасна личност.

Само неколку години по несреќата во Чернобил многу млади луѓе почнаа да добиваат рак и умираа кратко потоа. Мајката на моја пријателка почина на 35 години и бев преплашена. Се плашев дека и јас ќе умрам.

Еднаш од училиште ме пратија дома поради мигрената и се сеќавам дека не можев да си ја отклучам вратата од домот. Едвај гледав. Кога застанав пред огледалото видов дека толку многу крвни садови во очите ми пукнале, што очите ми беа комплетно црвени. Бев преплашена и безнадежна во толку големи болки што за малку ќе се онесвестев.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Емотивно видео: Последната хемотерапија на девојка од Бразил предизвика аплаузи кај случајни минувач... „Доживеав еден од најпосебните денови во мојот живот. Луѓе што никогаш претходно...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Гениј од Белгија докторира на 15 години – студирал квантна физика, ќе продолжи со медицина Лорен Симонс има само 15 години, но веќе е доктор на науки од областа на квантна...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун кој... Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џон...

Најчитани неделава