Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун која може да го наследи?
- Детали
- четврток, 14 август 2025
Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џонг Ун редовно го придружува на важни настани. Се шпекулира дека диктаторот ја подготвува за владеење бидејќи сака таа да го наследи.

Ким Џу Ае е 12-годишната ќерка на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, а сега се претпоставува дека таа ќе биде неговата наследничка.
До неодамна се шпекулираше дека Ким Џонг Ун ќе биде наследен од сестра му Ким Јо Џонг.
Малку се знае за сестрата на диктаторот, но наводно таа му била еден од најблиските советници и важела за најмоќната жена во семејството.
Сепак, изминативе неколку години, Ким Џонг Ун сè почесто се појавува со својата ќерка, па како што анализира The New York Times, веројатно ја подготвува за владеење.
Засега 12-годишната нема титула, но лидерот ја нарекувал „најсакана“ и „најпочитувана“ ќерка.
Ким Џу Ае се има појавено на речиси 40 важни настани со нејзиниот татко, како неодамнешната церемонија за отворање на туристичката сезона во Северна Кореја, па дури и на тест лансирања на ракетни оружја.
Иако има само 12 години, на последните неколку појавувања во јавност Ким Џу Ае се појавува во елегантна облека што, според некои, е уште еден знак дека се подготвува за улогата на лидер.
„Транзицијата од детски, лежерни аутифити во елегантни, па и кралски комбинации е начин на облекување што покажува моќ.
Во последно време, таа носи специјално шиени костими и капути, елегантни чевли, а секогаш има и елегантна фризура. Таа не следи модни трендови, туку избира облека што би ја носел лидер“, коментира стилист за The Daily Mail.
