Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун која може да го наследи?
Ќерката на Ким Џонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Џу беше скриена од јавност и никој не знаеше за нејзиното постоење.
Но, во 2013 година, поранешниот кошаркар Денис Родман, кој е близок пријател на диктаторот, случајно откри дека тој има ќерка.
Сепак, и тогаш јавноста не знаеше ништо за Ким Џу Ае, ниту, пак, како изгледа.
Прочитајте и: Чудното пријателство на Денис Родман и Ким Џонг Ун: Му одел на гости, Трамп му забранил да се дружат
Девојчето првпат се појави во јавност во 2022 година, кога го придружуваше татко ѝ на лансирање на ракетно оружје.
Тој период уште се веруваше дека Ким ќе биде наследен од сестра му. Но, сега сè почесто ја гледаме ќерка му.
Целото семејство на Ким Џонг Ун е обвиено со мистерија, но постојат гласини дека диктаторот и сопругата добиле и син.
Според шпекулациите, синот е постар од ќерка му и пологично би било тој да го наследи диктаторот.
Но, минатата година властите од Јужна Кореја изјавија дека не можат да го потврдат постоењето на синот на Ким.
Според некои извори, Ким Џонг Ун има и трето дете, но и ова е само шпекулација што не може да се потврди.
Прочитајте и: Го штити угледот на диктаторот, се плашат од неа - Што знаеме за сестрата на Ким Џонг-Ун, која може да го наследи?
Спирова С. | Црнобело
