Контроверзниот диктатор Ким Џонг Ун со сопругата и омилената ќерка - ја отвори туристичката зона во Северна Кореја (фото)
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2025
Со солзи во очите, скокање и аплауз Северонокорејците, кои живеат во најзатворената земја на светот, се радуваат на отворањето на туристичката зона од страна на нивниот диктатор Ким Џонг Ун. Тој се појави со омилената ќерка на отворањето, која за оваа пригода во бел костим го следеше секој чекор на татко си. Сопругата беше во втор план.

Ким Џонг Ун имаше ретко појавување во јавност со членови на своето семејство, поточно со неговата сопруга Ри Сол Џу и нивната ќерка Ким Џу Ае.
Сопругата лево, ќерката во средина
Ри Сол Џу носеше бела кошула и црни панталони, а Ким Џу Ае беше во бел костим. На настанот во фокус беше Ким Џу Ае, додека нејзината мајка одеше во позадина, со стајлинг надополнет наводно со Gucci чанта.
Ова е прво јавно појавување на Ри Сол Џу по 18 месеци.


Прочитајте и 7 правила кои Ким Џонг Ун ја присилува својата сопруга да ги почитува
На 24-ти јуни севернокорејскиот лидер со семејството ја отвори туристичката сезона во Северна Кореја, земја која е позната по затвореноста кон светот.
Тие се појавија во Вонсан, крајбрежен град во југоисточниот дел од Северна Кореја, за да го одбележат отворањето на туристичката зона Вонсан Калма.

Најконтроверзниот диктатор на светот беше фотографиран со семејството како мавта на насобраната толпа и разгледува туристички комплекс, кој содржи водени атракции како базени со вештачки бранови и тобогани.

Се смета дека неговата ќерка Џу Ае има околу 12 години и е единственото дете на Ким што некогаш се појавило јавно со него.
Лидерот и неговата сопруга се верува дека имаат и син од околу 15 години и ќерка од околу 8 години, но тие никогаш не биле видени.
Фотографиите од настанот се објавени од официјалната Севернокорејска новинска агенција (KCNA).
