Контроверзниот диктатор Ким Џонг Ун со сопругата и омилената ќерка - ја отвори туристичката зона во Северна Кореја (фото)

kontroverzniot-diktator-kim-djong-un-so-soprugata-i-omilenata-kjerka-ja-otvori-turistichkata-zona-vo-severna-koreja-04_copy.jpg

Ким најчесто се појавува со неговата средна ќерка, а KCNA ја нарече Џу Ае „саканата“ ќерка на Ким.

Подоцнежните описи како „драгоцена“ и неодамнешната формулација „почитувана“ поттикнаа гласини дека можеби неа ја подготвуваат да биде наследник на нејзиниот татко.

Инаку, новоотворената туристичка зона во Северна Кореја е најновиот обид на Ким да ја поттикне туристичката индустрија во неговата изолирана земја.

kontroverzniot-diktator-kim-djong-un-so-soprugata-i-omilenata-kjerka-ja-otvori-turistichkata-zona-vo-severna-koreja-06.jpg

Поради санкциите воведени заради нуклеарната програма на Северна Кореја, странскиот туризам претставува еден од ретките извори на приходи за земјата.

Но, сепак, според државните медиуми, зоната за сега ќе биде отворена само за домашни гости од 1 јули.

Северна Кореја ги затвори своите граници на почетокот на пандемијата од ковид во 2020 година, но почна постепено да ги укинува ограничувањата во последните месеци.

Според севернокорејски извори, одморалиштето Вонсан Калма е доволно големо за да прими 20.000 посетители и ќе има повеќе хотели, ресторани и продавници. Меѓутоа, медиуми како BBC, AP и The Guardian напоменуваат дека деталите за проектот не можат да бидат потврдени, особено бидејќи првичното отворање било најавено за 2019 година.

kontroverzniot-diktator-kim-djong-un-so-soprugata-i-omilenata-kjerka-ja-otvori-turistichkata-zona-vo-severna-koreja-19.jpg

Сепак, Ким изрази големо задоволство додека ја сечеше лентата на свечениот настан, нарекувајќи го ова првиот од многуте планирани туристички мегапроекти.

Kликнете на видеата од отворањето:

Повеќе постари фотографии од Ким со омилената ќерка на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун кој... Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џон...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg