Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уништени станови, скриена камера – Најлошите искуства со Airbnb на гости и сопственици

Иако Airbnb за многумина е спас кога станува збор за патување и сместување, сепак има и такви кои се соочиле со хорор приказни и веројатно никогаш повеќе не би ризикувале.

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-01.jpg

Најчесто сите имаат позитивни искуства од Airbnb и максимално ги користат предностите на платформата – пристојни и луксузни сместувања за различни цени и за сечиј џеб.

Но, покрај нив има и такви кои доживеале ужасни искуства и веројатно не би се осудиле повторно да резервираат.

Сепак, иако има незадоволни гости, има и сопственици на станови и соби кои се соочиле со ужасни гости, заради што веројатно нема повторно да го изнајмат станот на секого.

Секако, овие лоши искуства не треба да ве спречат да резервирате сместувања преку Airbnb, туку да ве потсетат дека треба да бидете внимателни при букирањето. 

Погледнете дел од најужасните искуства на Airbnb:

Семејство со две деца се вратиле дома откако го изнајмиле станот на Airbnb на група од 4 луѓе кои требало да бидат таму заради свадба, но ги дочекало изненадување.

Соседите им кажале на сопствениците дека имало автобус кој оставил околу 100 луѓе во нивниот дом и дека 7 пати доаѓала полиција заради нарушување на мирот. Тоалетните школки биле затнати од кондоми, ѕидовите биле извалкани, мебелот уништен, а насекаде имало скршени шишиња алкохол.

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-002.jpg

Две сестри изнајмувале празна соба во нивниот стан на Airbnb кога едната се соочила со хорор. Собата ја изнајмил дечко, кој по одреден период си ја покажал другата страна.

Таа се вратила дома и видела дека тој земал клуч за нејзината спална, ги фрлил сите слики од неа со мажи и го отворал нејзиниот гардеробер. Таа го избркала, а тој ѝ барал да му ги врати парите, за подоцна девојката да сфати дека украл и 500 долари од неа.

Подоцна почнал да ѝ пишува вознемирувачки пораки да го прими дома, бидејќи нема каде да оди, да се ожени за него и слично, а таа се обратила на полицијата. По неколку обиди, тие ја сфатиле сериозно и дури го фатиле како оди кон нејзиниот стан со пиштоли.

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-02.jpg

Сместување на Флорида имало 40 позитивни критики, но кога еден пар од Индијана се сместил таму, сфатиле дека сопственикот е малку морничав. Тие забележале црна точка до апаратот против пожар во спалната и сфатиле дека е камера, а потоа нашле уште една во дневната соба.

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-03.jpg

Една жена ја изнајмувала својата соба, во која престојувал гостин како од кошмар. Таа објавила фотки од собата која не ѝ се верувало дека некој така може да ја напушти. Искористен пешкир фрлен врз бебешко столче, ѓубре насекаде и расфрлани хартии и облека. Внимавајте на кого го изнајмувате домот...

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-04.jpg

Едно семејство било сместено во Airbnb стан во Сиднеј и уживале во престојот додека не им дошла полиција на врата. Тие биле уапсени бидејќи одгледувале марихуана во станот, која секако не била нивна, туку на домаќинот, кој го користел станот за две работи – изнајмување и растење марихуана. Семејството било ослободено и го продолжиле одморот во хотел.

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-05.jpg

Некои домаќини очигледно немаат срам како ќе го издадат станот и мислат дека можат да ги покријат недостатоците. Гости во Airbnb стан го тргнале чаршафот и виделе дека на душекот има огромна дамка, која прво личела на вино, но тие се сомневаат дека може да е крв. Чист чаршаф не е доволно да го покрие валканиот душек...

unishteni-stanovi-skriena-kamera-najloshite-iskustva-so-airbnb-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме запроси како во бајките, а јас го изгубив прстенот во океан – сите минувачи бараа со на... Само што рекла „Да“ свршеникот ја кренал во раце и ја однел во океанот... Но, во...
Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
Мрачната приказна за тинејџерка од САД - 10 години била држена во ропство и злоупотребувана: „Уште и... Тања Никол Кач од 14-годишна возраст, па до 24 години била држена како заробеник...
Мрак низ улиците на главните градови, блокирани раскрсници: Како Шпанците и Португалците го поминаа ... Шпанија, Португалија и делови од Франција го поминаа вчерашниот ден без струја. ...
Италијански модел открива: „Отидов на доктор поради болка во абдоменот и открив дека имам рак на јај... Поради фамилијарната анамнеза таа ги отстрани градите за да ја намали шансата за...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg