Исчезна среде ноќ, полицијата добива барања за откуп: Детали за киднапирањето на американската писателка Ненси Гатри
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Исчезнувањето на Ненси Гатри е мистерија што ја крена цела Америка на нозе. Писателката, која е мајка на позната ТВ презентерка, исчезнала на 31-ви јануари, а полицијата има и снимка од нејзиниот напаѓач. Сепак, уште никој не знае каде е, а полицијата истражува дали барањата за откуп се испратени од напаѓачот. ФБИ нуди и 100.000 долари за оној кој ќе им даде корисна информација.

Савана Гатри е популарна ТВ презентерка од САД која ги води вестите на познатата телевизија NBC News.
На 31-ви јануари, исчезна нејзината 84-годишна мајка, писателката Ненси Гатри, а надлежните се сомневаат дека е киднапирана.
Ненси исчезнала среде ноќ, од нејзиниот дом во Аризона и иако локалната полиција привела осомничен маж, го ослободиле по неколку часа.
Надлежните истражуваат и неколку пораки за поткуп кои се сомневаат дека се испратени од киднаперите, додека семејството на Ненси апелира за нејзиното безбедно враќање, но бараат и доказ дека е жива.
Што знаеме за случајот што ја крена цела Америка на нозе?
Ненси Гатри последен пат била видена во нејзиниот дом, околу 21:30 часот, кога членови на нејзиното семејство ја однеле дома.
Околу 2 часот наутро, на 1-ви февруари, камерата на ѕвончето на нејзината влезна врата била отстранета.
Околу 2:30 часот, нејзиниот пејсмејкер ја изгубил конекцијата со апликацијата на нејзиниот смартфон.
Во недела на 4-ти февруари, Ненси не се појавила во црква како вообичаено, па другите верници се загрижиле и го известиле нејзиното семејство.
Исчезнувањето на писателката веднаш било пријавено во полиција и полицајци, заедно со волонтери, почнале да ја пребаруваат областа каде што живее.
Потрагата траела до рано наутро, но залудно, а во меѓувреме надлежните споделиле дека се загрижени за здравствената состојба на Ненси.
Околу една недела подоцна, надлежните споделија видеа и фотографии на кои се гледа маскирана личност пред влезната врата на Ненси.
Снимките биле направени од камерата на Ненси, на ноќта на нејзиното исчезнување.
На снимката се гледа како маскирана личност ја проверува камерата, а потоа ја покрива.
