Исчезна среде ноќ, полицијата добива барања за откуп: Детали за киднапирањето на американската писателка Ненси Гатри

Снимката ја сподели и ќерката на Ненси, Савана, со опис:

„Дали некој ја препознава оваа личност? Веруваме дека мајка ни е жива. Вратете ја дома“.

ischezna-srede-nokj-policijata-dobiva-baranja-za-otkup-detali-za-kidnapiranjeto-na-amerikanskata-pisatelka-nensi-gatri-05.JPG

Надлежните споделија дека ги испрашале сите соседи на Ненси, како и дека ги побарале нивните снимки од безбедносните камери.

Подоцна беше откриено дека полицијата нашла крв пред влезната врата на Ненси, а анализата покажал дека е нејзина.

Биле откриени и пар ракавици, иако засега не е познато дали се истите што ги носи маскирана личност.

Неколку часа по објавувањето на снимката, полицијата привела маж за испрашување во врска со исчезнувањето на Ненси. Сепак, по неколкучасовно испрашување го ослободиле.

ischezna-srede-nokj-policijata-dobiva-baranja-za-otkup-detali-za-kidnapiranjeto-na-amerikanskata-pisatelka-nensi-gatri-07.JPG

За мажот е познато само дека се вика Карлос, кој за американските медиуми изјави:

„Се надевам дека ќе го најдат осомничениот, бидејќи тоа не сум јас“.

Според анализата на снимката од камерата на Ненси, од ФБИ се сомневаат дека напаѓачот е маж со висина од околу 183 сантиметри.

ischezna-srede-nokj-policijata-dobiva-baranja-za-otkup-detali-za-kidnapiranjeto-na-amerikanskata-pisatelka-nensi-gatri-11.JPG

Друг чуден детаљ од случајот се пораките со кои се бара откуп, но истрагата за нив уште трае бидејќи постои можност да не се испратени од киднаперите.

Една порака била испратена на неколку американски медиуми, а во неа има детали за паметен часовник и поплава во домот на Ненси – наводно со цел да докаже дека е вистинскиот киднапер.

Според полицијата, во друга порака биле наведени два датума – 5-ти и 9-ти февруари – веројатно за давање на парите за откуп.

ФБИ откри и дека на 5-ти февруари уапсиле личност која испратила лажна порака за откуп.

Следниот ден ФБИ извести за уште една порака за која само споделија дека истражуваат дали е веродостојна.

ischezna-srede-nokj-policijata-dobiva-baranja-za-otkup-detali-za-kidnapiranjeto-na-amerikanskata-pisatelka-nensi-gatri-03.JPG

Во меѓувреме, Савана, ќерката на киднапираната писателка, објави неколку емотивни видеа во кои моли за безбедното враќање на нејзината мајка.

„Подготвени сме да зборуваме. Сакаме да знаеме дека е жива и дека е кај вас. Ве молиме контактирајте нè“.

Во друго видео, нејзиниот брат, Камерон, открива дека не биле контактирани од никој, и повторува дека само сакаат мајка им да се врати жива.

Савана, пак, вели дека се подготвени да платат колку и да треба, само за мајка им да биде вратена.

ischezna-srede-nokj-policijata-dobiva-baranja-za-otkup-detali-za-kidnapiranjeto-na-amerikanskata-pisatelka-nensi-gatri-10.JPG

Моментално ФБИ нуди награда од 100.000 долари за информација која ќе доведе до апсење на напаѓачот.

Истовремено, открија дека имаат добиено над 13.000 дојави од граѓани и ги истражуваат сите.

За целиот случај се огласи и Доналд Трамп, кој прокоментира дека е навистина необичен.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајка од Велика Британија: „Бев во хотел со 4 ѕвезди во Грција и го имав најлошиот одмор досега“ „Знам дека сум среќна што сум во можност да одам на одмор, а многумина не можат ...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породувањ... 32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg